25.01.2023
СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 ЈАНУАРИ 2023 ГОДИНА
Со оглед на ограничените човечки ресурси кај сметководителите и отежнатото поднесување на даночните пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите, дека поднесувањето на пријави ДДВ-04 се продолжува согласно Законот за даночна постапка.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е (25.01.2023 година) и истиот се продолжува за два работни дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.01.2023 година (петок).
Вкупниот број на ДДВ обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ пријава изнесува 39.588.
До денес (25.01.2023 година), до 13:30 часот поднесени се 31.640 ДДВ пријави а бројот на неподнесени ДДВ пријави изнесува 7.948.