Управата за јавни приходи во месец октомври, потроши за 28 % помалку електрична енергија во споредба со истиот месец лани, дури 53% помалку струја во септември оваа година во споредба со септември лани.
Управата за јавни приходи низ целата држава функционира со вкупно 34 организациони единици и следејќи ги препораките на Владата, ја оствари оваа заштеда на електрична енергија. Податоците потврдуваат дека УЈП, како вископрофесионална институција, заедно со нејзините вработени, целосно ги почитуваат и применуваат владините препораки за домаќинско и одговорно однесување кон потрошувачката на електричната енергија со што придонесуваат да не се нарушува сервисната функција на институцијата и таквата пракса ќе продолжи и во следниот период, затоа што тоа е единствениот начин да се придонесе кон напорите на државата за полесно надминување на глобалната економска и енергетска криза.
Преку одговорното однесување, сите заедно, солидарно и рационално, обезбедуваме ресурси и зачувување на комфорот за периодот на постудените месеци кои допрва доаѓаат.