21.07.2022
ПРИЛАГОДУВАЊЕ И АЖУРИРАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА МОЈ ДДВ
Управата за јавни приходи известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ. Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот ,,ПРОФИЛ,, во прозорчето ,,Тип на баркод скенер,, каде што сега стои ,,Напреден,, да ја изберат опцијата ,,Основен,,. Фискалните сметки кои неможе да се скенираат преку опцијата ,,Основен,,, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи.
По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во ,,Тип на баркод скенер,, да ја изберат опцијата ,,Напреден,, при скенирање на фискалните сметки.