Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
16.03.2022
ОД УТРЕ НУЛА ПРОЦЕНТИ ДДВ ЗА ОСНОВНИТЕ ПРОИЗВОДИ ЗА ИСХРАНА

Сите маркети кои продаваат леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 % масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, и јајца ќе мора најдоцна до утре 17 март 2022 година да ги прилагодат фискалните апарати. Ова значи дека сите продажни објекти кои ги продаваат погоре споменатите производи при малопродажба, потребно е да издаваат фискална сметка со даночна стапка од 0%, односно со ознака „Г“ за добра и услуги кои се ослободени од данокот на додадена вредност.

Законската обврска произлегува од Законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност со кои се пропишува ослободување од оданочување со ДДВ за основните производи за исхрана. Апелираме до сите навремено да ги прилагодат фискалните апарати. Оваа одлука ќе се спроведува од утре 17 март и ќе трае до 31 мај 2022 година.

Реден број Глава/тарифен број/подброј/ознака Наименување на стоките според Номенклатурата на царинската тарифа
(1) (2) (3)
1.  1905 90 30 00 Леб без содржина на додаден мед, јајца, сирење или овошје и со содржина во сува состојба на шеќер не поголема од 5% по маса и на маснотии не поголема од 5% по маса
2.  1701 99 10 00 Бел шеќер
3.  Ex. 1101 Брашно од пченица или наполица
*тип 400
4. 1512 19 90 00 Масло од сончоглед или шафраника и нивни фракции: Друго: Друго
5. Ex. 0401 20 Млеко и павлака, неконцентрирани и без додаден шеќер и други материи за засладување: со содржина на маснотија што надминува 1% но не надминува 6% по маса
*кравјо млеко со маснотии од 2,%, 3,2% и 3,5%
6. Глава 2 Месо и други кланични производи за јадење
7. Ex. 1006 30 Ориз полубланширан или полубланширан, полиран или неполиран или глазиран
*бел ориз
8. 0407 21 00 00 Други свежи јајца од живина од видот Gallus domesticuc

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија