Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
16.03.2022
ЛУКАРЕВСКА, БИТИЌИ И КОСТАДИНОВ НА БИЗНИС ФОРУМ ВО ВАЛАНДОВО

Директорката на Управата за јавни приходи заедно со Вицепремиерот за економски прашања при Владата на РСМ, Фатмир Битиќи, и градоначалникот на општина Валандово Перо Костадинов, денес во Валандово учествуваа на „Бизнис форум 2022“. Бизнисмените се интересираа за можностите и потенцијалите за инвестирање во овој регион од државата.

  

Градоначалникот Костадинов, истакна дека општината со која раководи поради добрата локација, има многу природни ресурси кои ако се искористат од страна на бизнис заедницата, може позитивно да се одразат врз домашната економија. Тој, ги повика стопанствениците да инвестираат во општината и им ги презентира поволностите кои ги нуди општината за развој на бизиниси.

 

„Имаме голем потенцијал за реализација на инвестиции за производство на енергија посебно соларната енергија, особено во ова време кога сите сме соочени со енергетска криза и нестабилност на пазарот на енергенси. Валандово е одличен потенцијал за развој на вакви инвестиции. Имаме сонце над 300 денови во годината, најниска стапка на оданочување, транспарентна и брза администрација.“ – истакна градоначалникот на Валандово Перо Костадинов

 

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, истакна дека Владата во изминатите две години и покрај кризата со ковид пандемијата воведе мерки преку кои го стимулираше стопанството. Преку сетовите на економски мерки како што истакна Битиќи, Владата успеа да ја оддржи ликвидноста на компаниите како и да ги зачува работните места.

„Поддржавме повеќе од 20.000 компании и зачувавме околу 80.000 работни места. Само преку Планот за економски раст ги поддржавме компаниите со близу 49 милиони евра. Преку Законот за контрола на државна помош од Владата и од ДТИРЗ, се исплатени 19,5 милиони евра, додека околу 16 милиони евра исплативме преку инструментите на ФИТР. Дополнителни 13 милиони евра, исплативме преку мерките од Законот за финансиска поддршка. Преку „Планот за економски раст“, овозможивме компаниите да не престанат да размислуваат стратешки. Напротив ги мотивиравме да ги планираат развојните компоненти на компаниите на среден и на долг рок. “ – истакна вицепремиерот за економски прашања Битиќи.

 
 

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, истакна дека УЈП во целиот овој период овозможи мерките да се реализираат на брз лесен и ефикасен начин, се со цел градење на праведно и правично општество кое нуди еднакви шанси за сите големи, мали или микро претпријатија.

 

„Целта е да овозможиме поволни услови за раст и развој на домашните претпријатија. Во таа насока, заедно со Владата и стопанствениците, донесовме пакет од 26 мерки преку кои овозможуваме поволни услови за заштита на стандардот на граѓаните и оддржување на ликвидноста на претпријатијата. Успешно ги спроведовме мерките за финансиска поддршка за исплата на плати на работодавачи погодени од пандемијата, мерките за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување, за одложено плаќање на даночен долг и низа други поволности се со цел градење на партнерски однос со стопанството.“- истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска.

Бизнисмените, ја поздравија заложбата на Владата за креирање на позитивна бизнис клима и постојаното поддржување на проекти низ целата држава со што директно се влијае врз рамномерниот регионален развој на Република Северна Македонија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија