Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
07.02.2022
УЈП ВО КООРДИНИРАНА АКЦИЈА СО МВР И ДПИ ВО ГЕВГЕЛИЈА - КОНТРОЛИ ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА

Управата за јавни приходи во координирана акција со Министерството за внатрешни работи и Државниот пазарен инспекторат во Гевгелија на 05.02.2022 година изврши контроли кај правни лица кои вршат угостителска дејност. Во акцијата од страна на Управата за јавни приходи беа спроведени контроли по Законот за регистрирање на готовински плаќања во вкупно 11 објекти и во 10 контроли се констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
Од извршените контроли, Управата за јавни приходи утврди неправилности кои се однесуваат на следното:

  • прекршоци согласно член 21-б на Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, односно на услуги (член 2);
  • прекршоци согласно член 21 на Законот за регистрирање на готовинските плаќања за незакупување и нерегистрираање на резервна фискална апаратура (член 13).

За констатираните прекршоци согласно ЗРГП, од страна на Управата за јавни приходи беа изречени глоби за даночните обврзници и одговорните лица на истите.

Согласно ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА, даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги, за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметки за извршениот промет, односно услугата. Управата за јавни приходи врши контрола над спроведувањето и примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот. Основот за постапувањето на Управата за јавни приходи при спроведувањето на контролите, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, е по пристигнати пријави на линијата на 198, пријави пристигнати во писмена форма, пријави на инфо линијата на УЈП, координирани контроли на УЈП, самостојно и со други институции и контроли согласно годишниот план за контроли на УЈП.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија