Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30            
Recnik
03.02.2022
РАБОТНА СРЕДБА ПОМЕЃУ ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП ЛУКАРЕВСКА И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ССКМ АНГЕЛОСКИ

03.02.2022, Скопје - Директорката на Управата за јавни приходи денес оствари работна средба со претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски на која разговараа за заедничкото делување и соработката која ја остваруваат двете институции како и можностите за нејзино продлабочување.

Подобро регулирање на онлајн продажбата, сузбивање на нелојалната конкуренција, намалување на парафискалните давачки како и развивање на механизми за да се спречи нивно ново генерирање беа дел од темите на разговор.
„Добрата соработка со бизнис заедницата е од голем интерес за Управата за јавни приходи, поради што и ја инициравме оваа средба за запознавање со новиот претседател на Сојузот. Отворени сме за комуникација и подготвени да ги разгледаме сите иницијативи за креирање на подобро бизнис окружување кои доаѓаат од бизнис секторот“, истакна Лукаревска.

Ангелоски истакна дека во последните години Управата за јавни приходи се изгради во професионална институција која вложува максимални напори за задоволување на современите потреби на бизнисите, нагласувајќи ја својата превентивна улога пред репресивната.
„Во наредниот период сметаме дека треба да се поработи на унапредување на секојдневната непосредната комуникација која ја имаат претставниците на бизнис заедницата со Управата, преку заедничко дефинирање на протоколи, како и состаноци со редовна динамика на која ќе може да се добијат повеќе информации и да се објаснат дилемите кои постојат околу актуелни теми“, истакна Ангелоски.

 

Управата за јавни приходи и Сојузот на стопански комори на Македонија во 2018 година потпишаа Меморандум за соработка, согласно кој двете институции ги обезбедуваат сите облици на соработка.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија