Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
01.02.2022
РАБОТНА СРЕДБА НА ДИРЕКТОРКАТА НА УЈП СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ГЛАСЕН ТЕКСТИЛЕЦ

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес оствари работна средба со претседателката на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец”, Кристина Ампева.

Ова здружение е формирано од текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права кое веќе 5 години активно ги афирмира и популаризира проблемите на работниците, кршењето на нивните права, а преку едукации, трибини, конференции, семинари ја подига свеста и ги охрабрува работниците да ги уживаат своите права и да пријават било какво прекршување.

На средбата Директорката Лукаревска истакна дека „Гласен Текстилец” е партнер на Управата за јавни приходи во сузбивање на сивата економија, односно преку откривање на непријавени работници и неисплатени плати УЈП заедно со надлежниот орган за труд врши контрола на работодавачите од текстилната индустрија со цел откривање на неправилностите и заштита на правата на работникот. Ампева истакна дека Управата за јавни приходи во рамките на своите надлежности досега излегла во пресрет на повеќе барања на „Гласен Текстилец” и се надева дека така ќе биде и во иднина.
Соработката е интезивна, и истата ќе продолжи, со цел на секој работник да му се обезбедат пристојни услови за работа, почитување на работното време и соодветна заработувачка за својот труд.

 

     

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија