Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
01.02.2022
СПРОВЕДЕНИ КОНТРОЛИ ВО ДЕЛОТ НА ФИСКАЛИЗАЦИЈА И РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИТЕ ПЛАЌАЊА

Согласно ЗАКОН ЗА РЕГИСТРИРАЊЕ НА ГОТОВИНСКИ ПЛАЌАЊА, даночните обврзници кои вршат промет на добра и промет на услуги, за кои плаќањето не се извршува по банкарски пат, должни се да воведат и користат одобрен фискален систем на опрема за регистрирање на готовински плаќања и задолжително да издаваат сметки за извршениот промет, односно услугата. Управата за јавни приходи редовно врши контрола над спроведувањето и примената на одредбите од овој закон и прописите донесени врз основа на истиот.

Основот за постапувањето на Управата за јавни приходи при спроведувањето на контролите, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, е по пристигнати пријави на линијата на 198, пријави пристигнати во писмена форма, пријави на инфо линијата на УЈП, координирани контроли на УЈП, самостојно и со други институции и контроли согласно годишниот план за контроли на УЈП.

Во периодот од 25.01.2022 до 28.01.2022 , Управата за јавни приходи организираше акциски контроли по ЗРГП во Регионалната дирекција, Прилеп. Во рамки на контролите кои беа спроведени во вкупно 92 објекти во Прилеп, Неготино, Кавадарци, Градско, Велес, Крушево, Управата за јавни приходи во 83 контроли констатира неправилности согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
Со извршените контроли Управата за јавни приходи утврди неправилности кои се однесуваат на следното:

  • прекршоци согласно член 21-б на Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неиздавање фискални сметки за извршениот промет на добра, односно на услуги;
  • прекршоци согласно член 21-а на Законот за регистрирање на готовинските плаќања за издавање на сметка која не ги содржи пропишаните елементи (член 5 став 1);
  • прекршоци согласно член 21 на Законот за регистрирање на готовинските плаќања за неводење на книга за дневни финансиски извештаи (член 11 став 4)

За констатираните прекршоци согласно ЗРГП, од страна на Управата за јавни приходи изречени се глоби за даночните обврзници и одговорните лица на истите.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија