Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
04.10.2021
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ДОМАЌИН НА ПРЕТСТАВНИЦИ НА ДАНОЧНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА ОД СЛОВАЧКА




Управата за јавни приходи оваа работна недела ќе биде домаќин на претставници од Словачката даночна администрација како дел од проектот "Поддршка за реформа за управување со јавните финансии во Република Северна Македонија во областа на меѓународното оданочување и локалните даноци".

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес ја отвори работилницата за трансферни цени и истакна дека градењето, на капацитетите на Управата за јавни приходи во областа на трансферните цени посебно обука и специјализација на даночниот инспекторат за спроведување на контрола на трансферните цени претставува еден од стратешките приоритети на Управата за јавни Приходи. Експертската поддршка која Управата за јавни приходи преку овој проект ја добива во изминатиот период од Словачката даночна администрација, е од особено значење, а досега е реализирана студиска посета и работилници на кои вработени од УЈП имаа можност подетално да се запознаат со меѓународната пракса и словачкото искуство во однос на регулативата за трансферни цени и постапката на контрола на трансферни цени - рече Лукаревска.

Сања Бојаниќ, заменичка на постојаната претставничка на УНДП во РСМ истакна дека управување со јавните финансии води кон транспарентност и сигурност кај даночните обврзници што е цел на УЈП и УНДП, трансферните цени се дел од намалување на сивата економија и управување со јавните финансии.

Управата за јавни приходи е многу активна и ангажирана за овој проектот, истакна пофесорот Борче Треновски, тој рече дека оваа материја е многу важна за наплата на даночните приходи и од таа причина во иднина треба да се размислува за формирање на посебна организациона единица за контрола на трансферни цени и набавка на алатки за контрола.

Овој проект ќе придонесе кон подобрување на законската регулатива согласно меѓународната пракса, унапредување на процесите во Управата за јавни приходи а исто така ќе се помогне и во спроведување на процесите и активностите кои Министерството за финансии и Управата за јавни приходи ги преземаат во насока на исполнување на БЕПС минималните стандарди.
 

     
     
   
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија