Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
18.05.2021
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ КОИ НЕ ИСПЛАТИЛЕ БРУТО ПЛАТА

Доброволното плаќање на даноците, изразено како подготвеност на даночните обврзници за законско, правилно и навремено исполнување на даночните обврски, ефикасноста, ефективноста и намалувањето на административниот товар, изразени како самооданочување без спроведување на даночна постапка, како и меѓусебната доверба меѓу Управата за јавни приходи и даночните обврзници изразена како транспарентност во меѓусебните очекувања и преземање одговорност за ризиците, се темелни принципи при прибирањето на даночните приходи.

Во духот на овие принципи, ги повикуваме даночните обврзници – работодавачи кои не ги платиле доспеаните обврски по МПИН пресметките за месеците февруари и март 2021 година, долгот да го платат пред започнување на активностите на Управата за јавни приходи за присилна наплата.

Управата за јавни приходи им овозможи на работодавачите да го остварат правото на финансиска поддршка заради исплата на платите за месеците февруари и март 2021 година, согласно Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19. Според службената евиденција на Управата, не сите работодавачи имаат извршено уплата по МПИН пресметките за овие месеци, со што не се уплатени долгуваните износи на социјални придонеси и данок и не е исплатена платата на вработените лица. После овој повик, Управата за јавни приходи ќе започне со доставување на опомените до должниците и решенија за присилна наплата до носителите на платен промет, со цел наплата на неплатените МПИН.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија