Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30      
Recnik
26.04.2021
БAРАЊЕТО ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ Е ПОСТАВЕНО НА СИСТЕМОТ Е-ПДД

Согласно Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците февруари и март 2021 година, физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови, имаат можност да користат финансиска поддршка во износ од 17.410 денари месечно, за месеците февруари и март 2021 година.

За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица (образец БФС-СВД/3) со Изјава за исполентост на условите наведени во Законот
Поднесувањето на барањето се врши до 30 април 2021 година преку системот е-Персонален данок - со најава во подменито Доход од вршење самостојна дејност и со внес на барањето преку модулот БФС-СВД/3

Доколку барателот е физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и нема кориснички профил во е-Даноци, за да може да го поднесе барањето треба да се најави на системот е-Персонален данок со корисничкото име и лозинка кои ги користи како физичко лице. Доколку не е корисник ниту на системот е-Персонален данок, за да може да поднесе барање треба да се регистрира како корисник на системот е-Персонален данок.

  • Барателот - физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според вистински доход, треба да ги означи СИТЕ наведени услови во рубриката В од образецот
  • Барателот - физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето-доход треба да ги означи условите под б) и в) во рубриката В во образецот
    Финансиската помош се исплаќа на трансакциската сметка на која се вршат трансакциите на дејноста , а за физичките лица кои вршат дејности на верските заедници и се оданочуваат според паушално остварен нето-доход се исплаќаат на личната трансакциска сметка. Финансиската поддршка не се однесува за вршители на дејност регистрирани по 31.10.2020 година

Корисни информации:
Закон за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот covid-19, за месеците февруари и март 2021 година
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија