Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
21.01.2021
ИСПЛАТА НА ДЕЛ ОД ДДВ ЗА ЧЕТВРТОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2020 ГОДИНА ЌЕ СЕ ВРШИ ВО ФЕВРУАРИ

Управата за јавни приходи известува дека во текот на месец февруари 2021 година ќе се врши исплата на дел од ДДВ на граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ, во четвртото тримесечје од 2020 година односно за месеците октомври, ноември и декември 2020 година .

Во ова последно тримесечје од 2020 година, граѓаните скенирале 67.272.456 фискални сметки, вкупниот промет е 33,398,562,346 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари или околу 6,1 милиони евра

При направената проверка и анализа, Управата за јавни приходи утврди дека 5 506 граѓани во апликацијата МојДДВ имаат внесено погрешна трансакциска сметка, а 334 граѓани немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД што е услов за користење на апликацијата МојДДВ. Заради навремена исплата на средствата за четвртото тримесечје за 2020 година, Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да внесат точна и лична трансакциска сметка, а оние кои немаат одобрен кориснички профил во e-ПДД истото да го сторат односно да појдат до најблиската даночна канцеларија со документ за лична идентификација со цел службено лице на УЈП да го одобри и активира профилот на e-ПДД.

 Реализација на МОЈДДВ во 2020 година

Тримесечје Скенирани сметки Корисници на апликацијата МојДДВ Вратено дел од ДДВ кај граѓаните
I. јануари - март 49.946.278 279 498 308.191.371,00 денари
II. април - јуни 41.657.059 304 472 295.756.024,00 денари
III. јули - септември 62.504.917 335 693 381.907.235,00 денари
IV. октомври - декември 67.272.456 362 808 Исплатата во февруари 2021 –
околу 382 милиони денари

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија