Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
31.12.2020
Измени и дополнувања на Законот за данокот на добивка објавен во „Службен весник на РСМ”, број 290 од 07.12.2020 година

Во насока на обезбедување поддршка на даночните обврзници заради полесно справување со последиците од коронавирусот (COVID-19), Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка ги содржи следните измени кои ке важат за 2020 и 2021 година:

  1. Ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година за обврзниците кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на коронавирусот COVID-19.
  2. Платени лабораториски тестови за COVID-19 за вработени лица во износ до 9.000 денари на годишно ниво по вработен, се сметаат за признат расход.
  3. Даночните обврзници кои го користат даночното ослободување односно намалување на пресметаниот данок на добивка за износот на донираните финансиски средства на спортски субјекти, може да донираат во два спортски субјекти од ист вид на спорт, само доколку едниот субјект е националнa спортскa федерациja, a другиот спортски субјект е спортски клуб или активен спортист кој се натпреварува во индивидуален спорт.
  4. Даночните обврзниците кои во 2020 и 2021 година ќе остварат загуба искажана во Билансот на успех, истата намалена за непризнаените расходи искажани во даночниот биланс ќе може да ја пренесат на товар на добивката во идните пресметковни периоди најмногу до пет години сметано од годината во која е искажана загубата. Со оваа измена се укинува условот за претходно покривање на загубата согласно Законот за трговски друштва.
  5. Зголемен праг за влез во режимот за оданочување со данок на вкупен приход за 2020 година и тоа:
    Трговските друштва класифицирани како мали и микротрговци и правните лица резиденти на Република Северна Македонија кои водат сметководство и подготвуваат годишни сметки согласно со Законот за трговските друштва, се ослободени од обврската за плаќање на годишен данок на вкупен приход под услов вкупниот приход остварен во 2020 година од кој било извор да не го надминува износот од 5.000.000 денари на годишно ниво.
    Трговските друштва класифицирани како мали и микротрговци и правните лица резиденти на Република Северна Македонија кои водат сметководство и подготвуваат годишни сметки согласно со Законот за трговските друштва, можат да се определат да пресметуваат и плаќаат годишен данок на вкупен приход за 2020 година под услов:
    1) да извршуваат стопанска дејност, освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри и
    2) вкупниот приход остварен во годината за која се утврдува данокот од кој било извор да изнесува од 5.000.001 до 10.000.000 денари на годишно ниво.
  6. Од 1.1.2021 година, за признати расходи ќе се сметаат трошоците по основ на уплатени премии за дополнително здравствено осигурување до износот од една просечна месечна бруто плата, исплатена во претходната година во Република Северна Македонија, на годишно ниво по вработен.
 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија