Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30        
Recnik
22.07.2020
ДЕМАНТ НА УЈП ЗА ОБЈАВЕН ТЕКСТ - УЈП со „новите пресметки“ најави доцнење на пари за граѓаните во Мој ДДВ?

Управата за јавни приходи најостро ги демантира објавените информации на порталот „КУРИР“ објавени во текстот - „УЈП со новите пресметки најави доцнење на пари за граѓаните во Мој ДДВ“.

Управата за јавни приходи во ниту еден сегмент од текстот со кој најави дека брзо и ефикасно ја приспособи апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка, не најави дека ќе има доцнење во исплатата на повратот од Мој ДДВ за второто тримесечје.

Земајќи го предвид фактот дека ниту еден претставник од „КУРИР“, ја нема контактирано Управата за јавни приходи заради потврдување или негирање на истото, изнесените невистини ги сметаме како обид да се наруши имиџот на УЈП и истовремено јавноста да се револтира и да се доведе во заблуда со шпекулации и невистинити информации.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија