Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
22.07.2020
ПОТТИКНУВАЊЕ НА ПОТРОШУВАЧКАТА НА МАКЕДОНСКИ ДОБРА И УСЛУГИ ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈАТА МОЈДДВ

Со Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физички лица за време на вонредна состојба (,,Службен Весник на РСМ”, бр.156/2020 од 12.06.2020) е регулирано - враќањето на делот од данокот на додадена вредност пресметан на прометот на македонски добра и услуги се врши во висина од 20%, а за останати добра и услуги се врши во висина од 10%, од пресметаниот данок на додадена вредност искажан во поединечна фискална сметка. Оваа пресметка се врши oд денот на влегувањето во сила на Уредбата со законска сила и не подоцна од 31.12.2020 година.

Со цел имплементација на мерката преку која се поттикнува потрошувачката на македонските добра и услуги, Управата за јавни приходи брзо и ефикасно ја прилагоди апликацијата МојДДВ преку која на граѓаните кои скенираат фискални сметки за купените македонски добра и услуги ќе им се изврши поврат во висина од 20%, а за останатите добра и услуги во висина од 10% од пресметаниот данок искажан во фискалната сметка.

Со овие прилагодувања, за скенираните сметки од 12.06.2020 година, повторно ќе се изврши пресметка, според раздвојувањето на македонски добра и услуги со 20% и останати добра и услуги со 10%, наместо досегашните 15% поврат на ДДВ. Поради оваа повторна пресметка износот на повратот на ДДВ кај физичките лица за второто тримесчје може да претрпи промена.

Со оваа нова функционалност, МојДДВ освен враќање назад пари кај граѓаните и борба против неформалната економија, ќе придонесе и кон ревитализирањето на домашната економија, а Управата за јавни приходи уште еднаш се докажа дека е партнер на македонското стопанството во надминување на последиците од здравствено економската криза и поддржувач на домашната економија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија