Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
13.05.2020
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ГИ ДОСТАВИ ПРВИТЕ ОДОБРЕНИ БАРАЊА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ВО ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАРИЈАТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Управата за јавни приходи денес достави Известување до Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија за вкупно 5141 работодавачи кои ги исполниле условите за финансиска поддршка за исплата на плата за месец април 2020 година.

Износот на одобрената финансиска поддршка изнесува 507,947,264 денари.

Ова е прво известување за одобрена финансиска поддршка согласно член 5 став 4 од Уредбата со Законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено – економската криза предизвикана од корона вирусот Ковид -19 , заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година. Се обработуваат и останатите поднесени барања за финансиска поддршка, за кои Управата за јавни приходи ќе го извести Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија по нивната финална обработка.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија