Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
15.04.2020
ПОЈАСНУВАЊЕ ОД УЈП ВО ОДНОС НА НАСЛОВИТЕ ВО ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ ,,ПАД НА НАПЛАТАТА НА ДДВ ЗА 79%

По однос на насловите во дел од медиумите -,,ПАД НА НАПЛАТАТА НА ДДВ ЗА 79% ", Управата за јавни приходи појаснува дека е несоодветно извлечен новинарски заклучок за пад на наплата на ДДВ од 79 % затоа што тоа е податок за нето износ на наплатен ДДВ кој е разлика од бруто наплата на ДДВ минусирана за повратот на ДДВ за првите 14 дена од Април. Наплатата на Бруто ДДВ за првите 14 дена од Април месец Е НАМАЛЕНА ЗА 29,19% во споредба со првите 14 дена од Април 2019 година. Односно првите 14 дена од Април 2020 е наплатен бруто приход од ДДВ 1.476.684.745 денари, а во првите 14 дена од Април 2019 е наплатен бруто приход од ДДВ 2.085.338.658 денари, тоа е намалена наплата од 29,19%. Притоа уште еднаш напоменуваме деке намалувањето на ДДВ се однесува за првите две недели од месец април како што беше кажано односно од 01 до 14 април 2020 а вистинската слика за реализираниот ДДВ може да се согледа по завршување на месецот и евидентирање на сите уплати на ДДВ и реализираниот поврат. Во овој период од 01.04.2020-14.04.2020 година намален е ДДВ од увоз на добра за 708 милиони денари или за 35 %, но значаен е порастот на ДДВ од прометот во земјата за 80 милиони денари односно наплатен е износ од 142 милиони денари за разлика од април истиот период за 2019 година кога е наплатен износ од 61 милиони денари. Исто така во услови на вонредна состојба Управата за јавни приходи врши забрзан поврат на ДДВ кон фирмите така да во овој период од 01.04.2020 до 14.04.2020 е зголемен повратот на ДДВ за 412 милиони денари односно 51% повеќе вратен поврат ДДВ во однос на лани истиот период.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија