11.03.2020
ПРИВРЕМЕН ПРЕКИН НА ОДРЖУВАЊЕ СРЕДБИ СО ДАНОЧНИТЕ ОБВРЗНИЦИ
Согласно издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија во врска со преземање на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници физички / правни лица дека од денес и во наредните 14 дена нема да се одржуваат средби со даночните обврзници а закажаните средби ќе се презакажат по наведениот период.
Издавањето на поднесоци и уверенија ќе се врши исклучиво преку архивите на Управата за јавни приходи.