Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
03.02.2020
Започна исплатата за МојДДВ за второто тримесечје

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства за второто тримесечје согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Повратот од 15 отсто од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2019 година.
Од 01.07.2019 до 31.01.2020 година апликацијата МојДДВ ја користат 236.442 корисници, скенирани се 66.885.228 фискални сметки, остварен е промет од 32.456.740.434 денари, Вкупен ДДВ 3.512.292.634 денари, Поврат 15 отсто во износ од 526.843.896 денари или 8.567.000 ЕУР.
Во месец јануари 2020, првиот месец од третото тримесечје има нови 23,387 корисници на апликацијата МојДДВ и вкупен поврат15 % од ДДВ заклучно со 31.01.2020 година во износ од 1,724,000 ЕУР.
Управата за јавни приходи уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија