Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
31.12.2019
ПОВРАТОТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ВО ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД МОЈДДВ ВО ИЗНОС ОД 3 791 000 ЕУР

Управата за јавни приходи известува дека денеска 31.12.2019 се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица.
Ве информираме дека од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14,301,474,854 денари, вкупениот ДДВ изнесува 1,554,510,671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233,176,601 денари или 3,791,000 ЕУР .

Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година.
Притоа, информираме дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат кај 144,601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155,244,780.00 денари.
За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираме дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период.
Воедно апелираме корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија