Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
06.12.2019
Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства по МојДДВ

Управата за јавни приходи започна со исплата на парични средства согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Повратот од 15 % од ДДВ се префрла на сметките на граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ за првото тримесечје, односно за месеците јули, август и септември 2019 година.

Досега е исплатен поврат кај 16 600 граѓани, а до крајот на наредната недела повратот ќе биде извршен кај сите граѓани кои ги скенирале фискалните сметки во првото тримесечје преку апликацијата МојДДВ, киоск апаратите и бар-код читачите во организационите единици на Управата за јавни приходи.

Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22,670,713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11,423,978,620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1,241,434,628 денари. Повратот од 15 % од платениот ДДВ е во висина од 186,215,194 денари.

Со подетални информации Управата за јавни приходи ќе излезе по заокружувањето на целата исплата кај сите корисници на МојДДВ коишто ги исполниле условите за поврат на 15 % од ДДВ.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија