Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
21.08.2019
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ЗА ИЗВРШЕНИ КОНТРОЛИ

Денес во Управата за јавни приходи се одржа прес конференција посветена на контролите извршени по воведувањето на мерката поврат на 15% од пресметаниот ДДВ на граѓаните.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска истакна дека во текот на вчерашниот ден извршени се контроли на фискални апарати кај даночни обврзници лоцирани на бул.Никола Карев, позната како Пластичарска улица и во општина Чаир кај вкупно 42 даночни обврзници. Неправилности согласно законот за регистрирање на готовинските плаќања се констатирани кај 12 даночни обврзници, од кои:
Кај 9 даночни обврзници е констатирано дека не издаваат фискални сметки за извршен готовински промет, кај 1 даночен обврзник констатирано е дека не поседува фискален систем на опрема а кај 2 даночни обврзници констатирано е дека не водат книга за дневни финансиски извештаи.

При контролите кај еден даночен обврзник одземена е интерната тетратка за дополнителна проверка преку ГПРС при што подоцна се констатира дека во периодот од 08.07.2019 до 20.08.2019 година даночниот обврзник имал промет од 400,870,00 денари а преку ГПРС има евидентирано само 33,800,00 денари, што значи вкупно 407,000,00 денари нерегистриран промет. За констатираните неправилности изготвени се записници и се спроведува постапка на порамнување согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања.
На даночниот обврзник кој нема воведено во употреба фискален систем на опрема дополнително издадено е и решение со кое му се забранува вршење на дејност во деловната просторија во траење од 30 дена. Со извршените контроли во два објекти констатирано е дека физичкото лице врши дејност – трговија без регистрирана фирма, односно како нерегистриран даночен обврзник и за истите се преземени мерки согласно Законот за даночна постапка.
Таа кажа и дека инспекторите биле оневозможен и да вршат контрола кај некои субјекти бидејќи истите ги заклучиле објектите откако ги виделе возилата на УЈП. Контроли се спроведоа и во Дебар, Кичево, Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Струмица, Куманово, Крива Паланка, Дојран, Гевгелија, Прилеп и во повеќе скопски општини. Предмет на контрола беа и познатите фестивали кои изминатиот период беа организирани во повеќе градови, како што се фестивалите одржани во Охрид, Пиво фест во Прилеп, Д Фестивал во Дојран, Струга Фест во Струга, Струмица Опен Фестивал и др. Директорката истакна и дека со воведувањето на мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ, бројот на пријави за неправилности со издавање односно неиздавање на фискални сметки од страна на граѓани на линијата 198 е за 100 отсто поголем.

Вкупно од 1 јули 2019 до 20 август 2019 има 310 пријави за не издадени фискални сметки, а во истиот период минатата година имаше само 112 пријави. Процентуално гледано тоа претставува речиси три пати повеќе пријави од минатата година. Најголем дел од пријавите се однесуваат за Скопје повеќето за општина Чаир и за туристичките места Охрид и Струга, каде УЈП спроведе контроли.

На оваа прес конференција Директорката на УЈП Сања Лукаревска презентираше и информации за проектот МојДДВ и тоа: заклучно со 20.08.2019 година бројот на скенирани фискални сметки изнесува 12,371,552 од кои остварен е промет од 6,360,382,050 денари, вкупниот ДДВ изнесува 690,603,831 денари, а повратот од 15 отсто за граѓаните е во износ од 103,590,575 денари. Со задоволство може да констатираме дека мерката МојДДВ ги дава очекуваните резултати за кои е наменета – да враќа пари кај граѓаните и да ја намалува сивата економија, за што показател се и зголемените пријави од граѓаните кои се корисници на апликацијата МојДДВ.
Како што најавивме веб апликацијата МојДДВ на која граѓаните ќе имаат детален увид за се што скенирале изминатиот период, како и колку поврат може да остварат е веќе изработена и тестирана и истата ќе биде пуштена во употреба, на оваа Веб Апликација граѓаните ќе може и да ги повлечат односно да ги поништат погрешно скенираните сметки. Ние како Управа за јавни приходи, институција којашто ја реализира оваа мерка, ќе продолжиме со контролите кај даночни обврзници за кои имаме пријави и од граѓаните со цел на секој еден корисник на МојДДВ да му овозможиме да оствари поврат.

Никој не смее да им го одземе тоа право на купувачите и корисниците на други услуги со тоа што нема да им издаде фискална сметка или пак ќе им приложи невалидна. Во оваа прилика исто така сакам да апелирам и до дел од поголемите супермаркети за коишто граѓаните се жалат дека не можат да ги скенираат фискалните сметки поради бледи баркодови, уште денес да ги сервисираат фискалните апарати, на што се обврзани и со закон. - рече Лукаревска.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија