Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
09.07.2019
УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ УЧЕСНИК НА 23-ТО ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА ИОТА

Делегација на Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија, предводена од директорката г-ѓа Сања Лукаревска, во периодот од 02 до 04 Јули 2019 година учествуваше на 23-то Генерално собрание на меѓународната организација на даночните администрации (ИОТА) коешто се одржа во Брисел.

На собранието беа донесени повеќе значајни одлуки при што земјите членки го одобрија Извештајот на ИОТА за активностите извршени во 2018 година, финансискиот Извештај, Извештајот на Внатрешните ревизори за 2018 година како и предлозите на буџетот и работната програма на ИОТА за 2020 година.

За нов Генерален секретар со мандат од 2019 до 2022 е избран г-динот Франтишек Имресце од Словачка.

На Генерално собрание на (ИОТА) се изгласа и новиот Извршен комитет од претставници на Белгија, Грузија, Унгарија, Италија, Шведска, Швајцарија, Украина и Велика Британија.
Од страна на делегатите кои присуствуваа на настанот беше одлучено во мандатот 2019/2020 следното претседателство на ИОТА да го превземе даночната администрација на Грција, каде што ќе се одржи и 24-то Генерално собрание на ИОТА.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија