Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
05.06.2019
Управата за јавни приходи домаќин на настан организиран од страна IOTA

Управата за јавни приходи во периодот од 04.06.2019 до 06.06.2019 година е домаќин на Меѓународната организација на даночните администрации (IOTA) која што токму во Скопје го одржува Форумот за имплементација на мерките за борба против даночната евазија (Base Erosion and Profit Shifting - BEPS).

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, вчера го отвори Форумот за имплементација на мерките за борба против даночната евазија (Base Erosion and Profit Shifting - BEPS) на кој што го изрази задоволството што токму Управата за јавни приходи на Република Северна Македонија е домаќин на овој настан и им посака успешна и продуктивна работа на учесниците. Таа исто така истакна дека УЈП е членка на IOTA од 1997 година и од тогаш активно учествува и организира различни настани во рамките на IOTA, а со цел подобрување на даночната легислатива и даночните процеси.
Нашата држава е 117-та земја членка која се приклучи на инклузивната рамка на BEPS, и се обврза да имплементира четири минимум стандарди. Приклучувањето кон Рамката и даде на нашата земја можност да работи заедно на еднакво рамниште со другите земји од ОЕЦД и Г-20 за постојано спроведување на пакетот BEPS и за развој на понатамошни стандарди за решавање на преостанатите проблеми на BEPS. Овој настан ќе помогне и ќе придонесе за поголемо разбирање на процесот на имплементација на BEPS, како и почитување на меѓународно договорените стандарди - истакна Лукаревска.
Настанот го организира Меѓународната организација на даночните администрации (IOTA), и на истиот присуствуваат 54 учесници од даночни администрации од регионот, од земји членки на ЕУ и останати даночни администрации, како и предавачи од Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

         

  

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија