Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
30.05.2019
Потпишан Меморандум за спречување перење пари, даночни и царински кривични дела со Обединетото Кралство

Република Северна Македонија и Обединетото Кралство потпишаа Меморандум за размена на информации и знаења за сузбивање даночни и царински кривични дела и перење пари помеѓу двете земји. Потписници на Меморандумот се Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство и Министерството за финансии на Република Северна Македонија и неговите управи, односно: УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција и Управа за финансиско разузнавање.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски истакна дека Република Северна Македонија за првпат има Стратегија за формализација на неформалната економија и веќе се спроведени активности од Акцискиот план. Тој рече дека Обединетото Кралство дава голема поддршка за реформските процеси во Министерството за финансии и Управите.
Директорот на Управата за царински работи и приходи на Обединетото Кралство Ендру Павлинич посочи дека Република Северна Македонија е лидер во иницирање размена на информации на Западен Балкан.
Амбасадорката на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија Рејчел Галовеј истакна дека Обединетото Кралство инвестира во развој на капацитетите во регионот на Западен Балкан. Таа посочи дека треба да работиме заедно во сузбивање на прекуграничниот криминал.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на потпишувањето на Меморандумот изјави дека Управата за јавни приходи спроведува повеќе мерки за спречување одлив на средства од Буџетот. Лукаревска посочи дека во современите економски текови во меѓународната трговија неопходно е подобрување на меѓународната соработка со даночните администрации од други земји.
Директорот на Царинската управа Ѓоко Танасковски рече дека последните две години се интензивира соработката со царинските органи на Обединетото Кралствово насока кон подобрување на постојните и примена на нови техники на работење преку размена на информации и најдобра практика во областа на борбата против криминалот, забрзување на царинските постапки и трговијата воопшто.
Директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов посочи дека за големи предмети со големи суми, каде што се вклучени меѓународни криминални групи, помошта од државите како што е Велика Британија ќе придонесе многу да собереме квалитетни докази за да го докажеме перењето пари и финансирањето тероризам.

Директорот на Финансиската полиција Арафат Муареми рече дека Управата со воведувањето на новото кривично дело „Даночна измама“ се подготвува за превенирање и спречување на даночните затајувања и даночните измами, особено по влезот на Република Северна Македонија во Европската Унија кога ќе се врши и поврат на данок на додадена вредност со употреба на фактури за набавени стоки и услуги од земји на Европската Унија.

     
     
     

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија