Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
26.03.2019
Презентирани највисоките годишни бруто приходи за 2017 година

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес конференција ги соопшти највисоките остварени приходи во 2017-та година
Во 2017 година вкупно 455 915 граѓани поднеле Годишни даночни пријави од коишто доброволно пријавиле 192 150 172 035 денари годишни бруто приходи, како и 11 618 491 776 денари персонален данок.
Најголем број Годишните даночни пријави за 2017-та биле поднесени во Регионалната дирекција Скопје кадешто биле примени 174 342 Годишни даночни пријави.
Според донесените решенија за утврдување на годишниот данок на доход за 2017 година коишто се доставени на адреса на граѓаните, УЈП има утврдено вкупен годишен бруто приход од 207 466 392 178 денари и вкупен износ на персонален данок на доход од 12 508 930 256 денари.
Кај 24 524 граѓани УЈП утврдила бруто приходи над еден милион денари, додека најголемиот број на граѓани, поточно 438. 004, оствариле бруто приходи коишто се движат од 100 илјади до 1 милион денари. Највисокиот годишен бруто приход за 2017-та година е пријавен во Годишна даночна пријава којашто била поднесена од скопјанец и изнесува 212 милиони денари.
Втор на листата е жител на Скопје кој пријавил приход од 207 587 649 денари, на оваа листа се најдоа и жител од Струга со остварени 135 137 869 денари и од Битола кој пријавил 92 922 049 денари.
Здравството, фармацијата и информатичките технологии и во 2017 година се сектори каде што се исплатиле највисоки плати. Највисоката годишна бруто плата во 2017-та година е исплатена во секторот здравство и изнесува 167 687 011 денари.
Највисокото дополнително примање и надоместок од работен однос, изнесува 46 307 898 денари на годишно ниво, највисока капитална добивка, остварена е од граѓанин на Прилеп и изнесува 43 973 500 денари, по основ на дивиденди и други приходи од учество во добивката, заработка од 202 денари е пријавена од страна на скопјанец.
Во највисоко рангираните приходи по основ на повремено или привремено вршење на услуги доминираат Велешани , од кои прворангираниот во 2017 година заработил 88 386 695 денари.
Највисокиот профит од вршење на самостојна дејност во 2017-та изнесува 56 949 872 денари, а го остварил физичко лице, вршител на самостојна дејност од Скопје.
Бруто приходи по основ на имот и имотни права, како што се издавање на земјиште, станови, деловни простории, превозни средства и друг вид на имот, во 2017-та година прворангираниот е даночен обврзник од Скопје којшто пријавил 52 119 889 денари.
По основ на авторски права и права од индустриска сопственост, највисок приход во својата Годишна даночна пријава пријавил граѓанин од Скопје којшто изнесува 32 милиони 786 илјади и 556 денари.
Највисоката добивка од лото, обложување, казино и учество на наградни игри е пријавен од страна на Тетовец кој само по овој основ остварил 9 милиони 999 илјади и 041 денари.

Во 2017-та, пензионер од Битола пријавил 55 милиони 559 илјади и 568 денари вкупен годишен бруто приход по сите основи, вклучувајќи ја и пензијата. Додека највисок бруто приход само по основ на пензија е пријавен од страна на скопјанец во износ од 5 милиони 728 илајди и 934 денари. Станува збор за пензија којашто на даночниот обврзник му се исплаќа од странство.
Највозрасниот граѓанин кој остварил приход над 1.000.000 денари е на возраст од 98 години, додека во групата на остварени приходи над 10.000.000 денари е лице на возраст од 86 години.
А, најмладиот граѓанин кој остварил приход над 1. 000.000 денари во 2017-та година бил на возраст од 15 години, додека во групата на остварени приходи над 10.000.000 денари, најмладиот граѓанин имал 20 години.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија