Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
16.01.2009
“Бруто плата“ - Од следната седмица тест период за поднесување на пресметка за плата

Заради навремено усогласување и подготвеност на сите работодавачи, во законскиот рок да ја изготват и поднесат пресметката на плата за месец јануари, Управата за јавни приходи информира за следното:

  • Обврзниците за пресметка и уплата на придонеси (работодавачи) се должни пресметката за плата за месец јануари 2009 година да ја изготват со користење на новиот клиентски софтвер и да ја достават до УЈП на електронски медиум или преку е-пошта, најдоцна до 10.02.2009 година. Пресметките се поднесуваат со користење на кодот за идентификација доделен од страна на Фондот на ПИОМ. За сите работодавачи кои се регистрирани после 01.01.2009, кодот за идентификација го издава Управата за јавни приходи.
  • Клиентскиот софтвер, Препораките за прилагодување на системот за плати и сите потребни информации во врска со новиот начин на изготвување на пресметката на плата обврзниците може да ги добијат во сите даночни канцеларии на УЈП или на веб страниците www.celaplata.gov.mk и на веб страната на УЈП.

Во УЈП во тек е приемот и обработката на аконтативни масечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) за јануари 2009 година. Примени се 42 МПИН за 19 даночни обврзници, од кои 12 се прифатени, а плаќање е извршено од страна на 7 даночни обврзници за околу 1500 вработени.

Со цел избегнување на евентуални грешки, како и навремено усогласување на системите за пресметка на плата на работодавачите, Управата за јавни приходи дава можност секој работодавач да го тестира својот систем со поднесување на тест-пресметка на плата која може да се поднесе до сите даночни канцеларии на УЈП или преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk (е-маил адресата ќе биде пуштена во функција од следната седмица).

Врз основа на извршените согледувања за можни ризици, Управата за јавни приходи укажува и на фактот дека кај некои работодавачи постојат состојби заради кои нема да можат да изготват и поднесат пресметка на плата или пак истата нема да биде прифатена како точна пресметка од страна на Управата за јавни приходи, како на пример во случаите кај кои:

  • Обврзникот непоседува код за идентификација доделен од Фондот на ПИОМ, а до 31.12.2008 плаќал придонес за здравствено осигурување или
  • Постои неусогласеност на бројот на работни часови пријавени во Фондот на ПИОМ и бројот на работни часови пријавени во поднесените месечни пресметки за придонес за ПИО(МППП) во Фондот на ПИОМ.

Од овие причини сакаме да им укажеме на сите работодавачи, навремено да ги отстранат недостатоците за да можат да изготват и поднесат точна пресметка на плата врз основа на која ќе ги исплатуваат платите на своите вработени.

Управата за јавни приходи апелира до работодавачите, пресметките да ги поднесуваат пред истекот на законскиот рок (10.02.2009), за да истите имаат време да ги исправат евентуалните грешки при пресметката на плата.

За подетални информации контактирајте ги лицата за интегрирана наплата на социјалните придонеси и персонален данок на плата во Управата за јавни приходи.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија