Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
Recnik
29.01.2019
Завршна конференција на Проектот „Развој и реинженеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем” финансиран од ЕУ

Директорката на Управата за јавни приходи, претставникот од Делегацијата на ЕУ и проектниот тим денеска во ЕУ инфо центарот го одржаа завршниот настан за проектот “Развој и реинжинеринг на деловните процеси на новиот интегриран даночен ИТ систем“ финансиран од Европската Унија.

Раководителот на Секторот за економски прашања, институционален развој и прекугранична соработка при Делегација на ЕУ, Фреек Јанмаат, го потенцираше значењето на овој проект којшто Управата за јавни приходи ќе ја приближи до европските даночни управи.
“Дефинирањето на нов интегриран систем на Управата за јавни приходи, ќе обезбеди економичност на трошоците за наплата на даноците, но и подобри услуги кон сите даночни обврзници, како и кон институциите”, рече Јанмаат.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска рече дека УЈП е посветена кон целосно подобрување на услугите и верува дека со реализацијата на овој проект тоа ќе се постигне. Лукаревска ја потенцираше важноста на проектот, истакнувајќи дека по својата значајност и влијание ова не е проект само на УЈП, туку е проект на државно ниво. Во својот говор, Лукаревска се осврна на придобивките од идните деловни процеси на УЈП.
“За даночните обврзници имплементацијата на овој проект ќе значи поедноставени процедури за пријавување и плаќање на даноци и други јавни давачки во надлежност на УЈП, помали трошоци, подобрени услуги, подобра информираност и скратување на постапките во УЈП. За засегнатите страни, пак целосната реализација на оваа реформа ќе значи брза и точна размена на информации. Проектот поттикнува и општествената одговорност односно зголемени приходи во државниот буџет, праведност и транспарентност кон даночните обврзници, како и намалување на сивата економија”, рече Лукаревска.

Координаторката на проектот, Биљана Стојаноска кажа дека тимот на УЈП, заедно со експертскиот тим, во изминатиот период интензивно работеше на дефинирање на моделот на идните деловни процеси.
“Во изминативе 15 месеци, експертскиот тим интензивно беше посветен на софтверските и хардверските барања за воспоставување на овој нов модерен интегриран даночен ИТ систем”, рече Стојаноска.
Проект тим лидерот со долгогодишно искуство во словенечката даночна администрација и работа на меѓународни проекти, Анѓа Комшо, рече дека Управата за јавни приходи е подготвена за целосна реализација на оваа голема административна реформа. Комшо ги објасни фазите на реализацијата на проектот, како и придобивките од него.
“Време е долгите чекања пред даночните шалтери да ги оставиме позади нас и да чекориме кон целосна автоматизација на процесите со што ќе го заштедиме времето на граѓаните и на институциите. Оваа клучна реформа на секој даночен обврзник ќе му овозможи увид во податоците пред да треба да го плати данокот, а исто така ќе обезбеди и размена на податоци со други институции” рече Комшо.
Заменик - Координаторката на проектот, Ивана Дончевска рече дека новиот модел на интегрираниот даночен систем ќе означи старт на една значајна реформа, за чијашто имплементација потребно е да се надминат одредени предизвици од кои клучни се спремноста на УЈП да се справи со промените и тоа од административен, организациски и управувачки аспект, донесување на законски измени кои ќе претставуваат рамка за имплементација на промените како и подготвеността на засегнатите страни да дадат поддршка кон УЈП за имплементација на неопходните промени.

       

Проектот „Развој и реинженеринг на деловни процеси за новиот даночен интегриран ИТ систем“ е ИПА проект чијашто имплементација Управата за јавни приходи ја започна на 1 Ноември 2017 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија