Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
31.12.2018
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2019 ГОДИНА - НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“

Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Врз основа на Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2019 година, се променети и тоа за следните придонеси:

  • Придонес за задолжително пензиско и инвалидско осигурување
  • Придонес за задолжително здравствено осигурување
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци
  • Придонес за стажот на осигурување со зголемено траење 12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)

Вид на придонес Стапка
2019
Стапка
2018-2010
Стапка
2009
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување 18,4% 18% 19%
Задолжително здравствено осигурување 7,4% 7,3% 7,5%
Дополнителен придонес за здравствено осигурување
за случај на повреда на работа и професионално заболување
0,5% 0,5% 0,5%
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност 1,2% 1,4% 1,4%

Придонес за стажот на осигурување
што се смета со зголемено траење
Стапка
2019
Стапка
2018-2011
Стапка
2010
Стапка
2009
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци 9,20% 9% 9% 9,50%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци 7,67% 7,5% 7,5% 7,92%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци 6,13% 6% 6% 6,33%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци 4,60% 4,5% 4,5% 4,75%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци 3,07% 3% 3% 3,17%
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци 1,53% 1,5% 1,77% 1,77%

 Даночно намалување

Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2019 година, ќе се применува месечно даночно намалување во износ од 8.000 денари, односно даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход за 2019 година изнесува 96.000 денари (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).

Преглед на даночното намалување за 2019 година

Врз основа на член 10 од Закон за данокот на личен доход („Службен весник на Република Македонија‘‘ бр.241 од 26.12.2018 година), се утврдува:

  1. Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 96.000 денари.
  2. Даночното намалување при исплата на доход од работа по основ на плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 8000,00 денари.

Нова верзија на клиентски софтвер
За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2019 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 31.12.2018 година), преку веб страницата на УЈП (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет, на следната е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk
При доставување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги доставувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш доставената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата.

Поднесување пресметки за минат период и исправка на пресметки
Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2018 година, или пак вршите исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот.
При исплатата на плата за период од 2009 до 2011 година, највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ЧЕТИРИ просечни месечни плати, додека за исплатата на плата за период од 2012 до 2014 година највисоката основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ШЕСТ просечни месечни плати. За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за месец ЈАНУАРИ И ФЕВРУАРИ 2015 година не се применува највисоката основица за придонесите, a пресметките за месец МАРТ 2015 дo АВГУСТ 2015 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување изнесува ДВАНАЕСЕТ месечни просечни плати, за примањата од работен однос и за примања по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа, а износот од ОСУМ просечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување од месец СЕПТЕМВРИ 2015 година до ДЕКЕМВРИ 2017 година, највисока основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ОСУМ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

За пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување за 2018 и 2019 година, највисока основица за пресметка и уплата на придонесите од задолжително социјално осигурување е износот од ШЕСНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметување и уплата на придонесите за примања од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори во трговско друштво, член на управен одбор во трговско друштво, односно управител во трговско друштво, а износот од ДВАНАЕСЕТ просечни месечни плати за пресметка и уплата на придонеси за самовработено лице.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија