Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
27.11.2018
ХУМАНАТА СТРАНА НА УЈП: Донирани средства во ДСУ “Искра” во Штип

Во пресрет на Денот на даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, го посети Државното средно училиште за образование и рехабилитација “Искра” во Штип.
СДУ “Искра” е единствената институција од ваков вид во источниот дел на Р.Македонија за згрижување, воспитание, образование и рехабилитација на ученици со пречки во развој и посебни образовни потреби. Оттука, верувајќи во еднакви шанси и можности за образование за сите, притоа поддржувајќи и охрабрувајќи го наставниот и воспитиниот кадар, како и учениците, УЈП одлучи годинава собраните средства од вработените во УЈП да ги донира во ова училиште.

Денеска сме овде да донираме хуманитарен прилог, собран од вработените во УЈП, во пресрет на нашиот Ден на даночниците. Оваа година, навистина ни е чест што ќе помогнеме на децата од ова средно училиште. Донирани се околу 109.000 денари од колегите, 65 комплети јоргани, навлаки како и ДВД системи, изјави Лукаревска.
Хуманитарниот настан беше поддржан и од градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски кој изрази благодарност до директорката на УЈП, Лукаревска и до раководството на училиштето.

Сакам да се заблагодарам на училиштето “Искра” и пред се на директорката Лукаревска заради убавиот настан. Денеска дел од своите средства коишто вработените ги имаат, ги донираат на ова училиште. Мене ми е многу драго што инситуциите во меѓусебна соработка можат да покажат како можеме сите да помагаме таму кадешто е најпотребно, изјави Бочварски.
Во СДУ “Искра” своето право на воспитание, образование и рехабилитација го оствариле околу 1000 ученици.
На настанот присуствуваа и директорката на ДСУ “Искра”, Марија Костова, раководителката на сектор образование и јавни дејности од Општина Штип, Билјана Казанџиска како и директорката на штипската експозитура на УЈП, Ана Јаковчевска.

     
     
     
     
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија