Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
26.11.2018
Посета на Лукаревска во реновираното даночно одделение Кичево

Во пресрет на Денот на Даночните работници, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска,како и заменикот директор Насер Демири, денеска го посетија реновираното даночно одделение на УЈП во Кичево, кое од неодамна доби нов, модерен и пред се функционален простор.
Со средства на Управата за јавни приходи, старите, уништени и нефункционални канцеларии, се заменети со нов изглед.
Реновирани се 264м2 корисна површина за канцеларии, во коишто работат 28 вработени, како и 130м2 подрумски простории за архива.
Објектот доби нов кров и фасада, а надворешниот простор има хортикуларно уреден и ограден простор. Овозможен е паркинг простор за вработените и странките, а изградена е и пристапна рампа за лица со телесен инвалидитет.
Заменети се сите прозорци и врати, а целосно се поправени и подовите.
Комплетно е променета електричната, водоводно одводната и мрежната инсталација.
За целосната реконструкција, УЈП издвои 4 милиони денари.

     
     
     
     
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија