Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
08.11.2018
Демант - Алфа истражува сомнителна цесија помеѓу компанијата на Анѓушев и Фени

Во врска со текстот „АЛФА истражува сомнителна цесија помеѓу компанијата на Анѓушев и ФЕНИ “ објавен на порталот Alfa.mk, во кој е наведено дека компанијата „Енерџи Деливери Солуншнс“ со државни пари од УЈП си го наплатила долгот од ФЕНИ, Управата за јавни приходи ги демантира изнесените тврдења за наводната трансакција.

Управата за јавни приходи согласно своите евиденции нема спроведено трансакција на наплата на долг на компанијата „Енерџи Деливери Солушнс“ со реализација на барање за поврат на ДДВ на обврзникот ФЕНИ ИНДУСТРИ АД-Кавадарци.
Во текстот е наведено дека „во договорот помеѓу ФЕНИ и ЕДС, двете страни се повикуваат на одобрение од УЈП за поврат на ДДВ, издадено еден месец по потпишувањето на договорот, на 14.08.2018. На 27.07 компанијата на Анѓушев и ФЕНИ, знаеле дека УЈП ќе им издаде одобрение на 14.08.2018 година, односно 16 дена подоцна.“

Во врска со наведеното, известуваме дека на ден 14.08.2018 година од страна на УЈП не е издадено одобрение за поврат на ДДВ кон Фени Индустри АД Кавадарци.
Имено на ден 14.08.2017 година (а не 2018 година како што е во текстот) примено е Барање од даночен обврзник Фени Индустри АД Кавадарци, со кое се бара известување за состојбата во даночната евиденција која се води во УЈП за Фени Индустри АД Кавадарци по основ на данок на додадена вредност.

Од страна на УЈП - ДГДО даден е Одговор на барање согласно Законот за даночна постапка до Фени Индустри АД Кавадарци со кое што го известуваме обврзникот за состојбата во даночна евиденција по основ на данок на додадена вредност заклучно со 14.08.2017 година.

Управата за јавни приходи со ова соопштение ги демантира наводите кои ги објави ТВ Алфа.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија