Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
26.03.2018
Охрид - Предизвици и модернизација на даночниот инспекторат

Во Охрид, од 23 до 25 Март 2018 година, се одржува семинар на тема „Предизвици и модернизација на даночниот инспекторат“ на кој учествуваат 242 инспектори од Управата за јавни приходи, даночни експерти од УЈП, а свое излагање имаа и надворешни експерти и соработници од Јавното обвинителство, Царинската управа и Управата за финансиска полиција.
Настанот го отвори Директорката на УЈП. „Реформи се неопходни, и кадровски и организациски. Заеднички треба да се избориме и да докажеме пред сите дека не сме орган на репресија, дека не сме подложни на никакви притисоци, дека согласно закон ќе ги решаваме проблемите, ќе функционираме праведно, а не селекивно, дека никој нема да го поштедиме ако затајува данок и ако не ги исполнува даночните обврски. Инспекторот е лицето на УЈП и со својата работа и пристап, секој граѓанин прави проценка за ефикасноста, успешноста и професионалноста на УЈП. После 11 години повторно се одржува еден ваков настан, што треба да стане пракса, за да можеме да ги увидиме и признаеме нашите слабости во работењето, и да споделиме нови знаења кои треба да донесат нови позитивни промени...“ – изјави Сања Лукаревска во своето обраќање до присутните.

Насер Демири, Заменик директор на УЈП ги потенцираше стратешките определби и даде осврт на тековните процеси на модернизацијата во УЈП, состојбите со човечкиот капитал, старосната структура и потребата од негување на даночното знаење и искуство во УЈП преку континуирана обука и зајакнување на капацитетите на Даночниот инспекторат, особено поради очекуваниот природен одлив на стручните кадри од УЈП.
На тридневниот семинар, освен за практичните искуства и примената на законските одредби во делот на кривичната постапка, против даночно затајување и соработката со Јавното обвинителство кои на учесниците на семинарот им ги презентираше Верица Бержецка Крстева - јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје, се говореше и за новините во делот на: измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, специфичности и пренесување на даночна обврска (Reverse charge), примена и ослободување од ДДВ при реализација на проекти финансирани од странски донатори и ИПА фондови - Закон за данок на додадена вредност, фискализација, специфичности и контрола по видови даноци...

На настанот ќе се обратат и Директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски и Директорот на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми, во однос на важноста на соработката на администрациите земајќи ги предвид новите предизвици со кои се соочуваат, како резултат на брзата глобализација на трговијата и на финансиските системи, што наметнуваат нови очекувања и зедничко делување во борбата против нелегалните финансиски текови, организираниот криминал и даночната евазија. Соработката помеѓу институциите треба да е насочена кон подобрување на работењето, вклучувајќи го и унапредувањето на капацитетот на човечките ресурси преку вакви семинари кои се предуслов за достигнување на потребните знаења, вештини и професионален развој, но и кон подобрување на постапките, трансферните цени, даночната транспарентност, размената на информации и електронската трговија.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија