Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
21.11.2008
УЈП Прилеп, Контролирани 14 фото студија

Во рамките на планираните редовни и тековни активности на ден 14 и 15ти Ноември, Управата за јавни приходи спроведе инспекциски контроли по основ на примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања на подрачјето на општините Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Кавадарци, Неготино и Велес.

Во сите овие општини контролирани се вкупно 14 фото-студија кои вршат дејност фотографски услуги. Во контролите констатирано е дека 7 фото-студија работат како нерегистрирани, поради што истите се задолжени во рок од 3 дена да се регистрираат согласно Законот за трговските друштва и Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица. Кај сите останати даночни обврзници не се констатирани неправилности односно го почитувале Законот за регистрација на готовинските плаќања.

Управата за јавни приходи - Регионална Дирекција Прилеп, продолжува со своите активности со несмален интензитет и во наредниот период, при што укажува на даночните обврзници на потребата од доследна примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија