Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
            1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31          
Recnik
09.02.2018
Организатори на зелени пазари - До 10 февруари поднесете месечен извештај за промени на корисниците на тезги на зелени пазари за периодот од 1 до 31 јануари 2018 година

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход („Службен весник на РМ“, бр.190/2017) се менува начинот на пресметување и плаќање на персоналниот данок на доход за приходот што го остварува физичко лице од продажба на производи на продажни места (тезги) на зелените пазари (види дел III. ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ОСТВАРУВААТ ПРИХОДИ ОД ПРОДАЖБА НА СОПСТВЕНИ ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ И ТРГОВЦИ КОИ ОРГАНИЗИРААТ ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ од Брошурата „Пресметување и плаќање на е-Персонален данок на доход“ преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/67).

Како организатор на зелен пазар, имате обврска до Управата за јавни приходи да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари, односно Извештај за тековна состојба (образец ПДД-И/ЗП) преку системот e-pdd.ujp.gov.mk најдоцна до крајот на година која претходи на годината за која Управата за јавни приходи треба да изврши утврдување на данокот. По исклучок, Извештајот за корисниците на продажните места на зелените пазари врз основа на кој треба да се изврши пресметување на данокот за 2018 година, имате обврска да го доставите до Управата за јавни приходи најдоцна до 15 јануари 2018 година.
Извештај ПДД-И/ЗП се поднесува посебно за секој одделен зелен пазар.

Насоки за поднесување на Извештај за тековна состојба ПДД-И/ЗП преку e-pdd.ujp.gov.mk

  • Означување на Извештајот
    Означете го полето „ИЗВЕШТАЈ ЗА ТЕКОВНА СОСТОЈБА”.
  • Податоци за зелениот пазар
    Преку системот e-pdd.ujp.gov.mk се прикажува листа на зелени пазари, од која треба да ги повлечете податоците за зелениот пазар за кој го поднесувате Извештајот за тековна состојба ПДД-И/ЗП.
    Доколку во системот не постојат податоци за зелениот пазар за кој треба да поднесете Извештај, тогаш отворете го посебниот прозорец на екранот, преку кој ќе поднесете барање за запишување на пазарот, во коe треба да ги внесете податоците за пазарот – име, адреса каде што е лоциран пазарот и евентуално дополнителни информации. Откако службено лице од Управата за јавни приходи ќе го прифати барањето за запишување на пазарот, ќе може да го пополните Извештајот, избирајќи го конкретниот пазар од системската листа.
  • Даночен период и рокови за поднесување на Извештајот
    Од лизгачкото мени изберете ја годината за која го поднесувате Извештајот ПДД-И/ЗП и автоматски ќе се пополнат податоците за даночниот период (од – до) и рокот за поднесување на извештајот.
    При поднесување на Извештајот за тековна состојба ПДД-И/ЗП, вообичаено во менито ќе ви биде понудена само следната календарска година, освен при поднесување на извештајот за тековна состојба во 2018 година, кога преку менито ќе ви биде понудена година „2018“ (се избира при поднесување на Извештајот за 2018 година во законскиот рок до 15.01.2018 година) и година „2019“ (се избера при поднесување на Извештајот за 2019 година во законскиот рок до 31.12.2018 година).
  • Податоци за корисници на продажни места
    Во Извештајот за тековна состојба ПДД-И/ЗП внесете ги корисниците на продажни места – вршители на дејност и физички лица, а не треба да ги внесувате корисниците на продажни места – правни лица.
    Внесете ги поодделно податоците за секое лице кое треба да биде активен корисник на продажно место (тезга) на зелениот пазар на 1 јануари во годината за која ќе се врши пресметување на данокот (даночен период). На пример, во Извештајот ПДД-И/ЗП за периодот 01.01.2018 – 31.12.2018 година, внесете ги сите активни корисници на тезги на 01.01.2018 година.
    Со внес на ЕДБ/ЕМБГ на корисникот на тезга, системот ќе ги повлече автоматски податоците Назив / Име и презиме на обврзникот. Доколку корисникот на тезга – физичко лице не постои во Регистарот на даночни обврзници на УЈП, преку системот ќе добиете соодветна порака, а за да го внесете во Извештајот, потребно е лицето да се регистрира со поднесување на Пријава за регистрација на даночен обврзник (образец УЈП-РДО) до надлежната даночна канцеларија.
    За секој корисник на тезга внесете го Периодот на закуп од (задолжително 01. 01 во годината – даночен период), Периодот на закуп до (до крајниот датум определен со договорот за закуп на тезга, но не подоцна од 31 декември во годината даночен период), изберете „Нов корисник“, внесете ја шифрата на дејност на корисникот, внесете ги продажните места (тезгите) кои ги користи корисникот и вкупниот износ на закупнина за времетраењето на закупот за сите тезги.

  • Потпишување на Извештајот
    По внесот на сите податоци, извештајот треба да го потпише со дигитален сертификат лицето кое сте го овластиле за потпишување за ПДД во системот е-Даноци.

Насоки за поднесување на Месечен извештај за промени ПДД-И/ЗП преку e-pdd.ujp.gov.mk

За секоја настаната промена на корисниците на продажни места на пазарот, како и за исправка на грешки во претходно внесени податоци, треба да поднесете Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари - Месечен извештај за промени ПДД-И/ЗП, најдоцна до 10-ти во месецот кој следи по месецот во кој настанала промената.

  • Означување на Извештајот
    Означето го полето „МЕСЕЧЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОМЕНИ”.
  • Податоци за зелениот пазар
    Изберете го зелениот пазар за кој пријавувате промени, на ист начин како при поднесување на Извештај за тековна состојба.
  • Даночен период и рокови за поднесување на Извештајот
    Од лизгачкото мени изберете ја годината и месецот за која го поднесувате Месечниот извештај ПДД-И/ЗП и автоматски ќе се пополнат податоците за даночниот период (од – до) и рокот за поднесување на извештајот.
    При поднесување на Месечен извештајот за промени ПДД-И/ЗП, вообичаено во менито ќе ви бидат понудени само месеците од календарската година за кои можете да поднесете извештај за промени. На пример, по истекот на месец февруари, можете да поднесете извештај за промени само за месец јануари и за месец февруари, а не можете да поднесете извештај за промени за месец март и следните месеци (идни). Но, доколку веќе сте поднеле месечен извештај за промени за одреден месец, системот нема да дозволи внес на нов извештај за промени за истиот месец, односно сите промени ќе може да ги внесете во извештајот за промени за следен месец.
    НАПОМЕНИ:
    1) Периодот на закуп, односно датумите кои се внесуваат во полињата „Период на закуп од“ и „Период на закуп до“ секогаш се прв и последен ден во месецот.
    2) Датумот во полето „Период на закуп од“ може да биде само датум од изминат период.

  • Податоци за промени на корисниците на продажни места
    Ако пријавувате нов корисник кој започнал со закуп на тезга во месецот за кој се однесува Месечниот извештајот за промени, кај „Вид на промена/исправка“ изберете „Нов корисник“. За секој корисник на тезга внесете го „Периодот на закуп од“ и „Периодот на закуп до“ (до крајниот датум определен со договорот за закуп на тезга, но не подоцна од 31 декември во годината даночен период), шифрата на дејност, тезгите кои ги користи и вкупниот износ на закупнина за периодот додека трае закупот за сите тезги. На пример, во Месечениот извештај за промени за м.февруари пријавите нови корисници за кои закупот на тезга започнал во м.февруари.
    Ако пријавувате корисник чиј закуп на тезга завршил во месецот за кој се однесува Месечниот извештајот за промени, а кој претходно бил внесен со подолг период на закуп, кај „Вид на промена/исправка“ изберете „Одјава на корисник“. На пример, ако во Извештајот за тековна состојба сте пријавиле корисник на тезга со период на закуп 01/01-31/12/2018 година, а договорот за закуп прекинал на 31/01/2018 година, во Месечниот извештај за промени за м.јануари пријавете „Одјава на корисник“, не треба да пополнувате „Периодот на закуп од“ (бидејќи овој податок за корисникот веќе постои), а како „Периодот на закуп до“ одберете 31/01/2018 година.
    Во Месечниот извештајот за промени внесете ги и корисниците кај кои дошло до промена на договорената закупнина за одредена тезга. Овие податоци внесете ги во две ставки. Прво внесете „Одјава на корисник“, „Периодот на закуп од“ не треба да пополнувате, а како „Периодот на закуп до“ одберете го датумот до кога се применува првично договорената закупнина и внесете ги тезгите кои ги користи корисникот. Потоа внесете го истиот корисник како „Нов корисник“, како „Периодот на закуп од“ одберете го датумот од кога се применува нов износ на закупнина, како „Периодот на закуп до“ одберете го датумот до кога ќе трае закупот и задолжително означете „Промена на закупнина“. На пример, корисникот на тезга е пријавен претходно за период 01/01/2018 – 31/12/2018 година со вкупен износ на закупнина 12,000 денари (односно 1,000 денари месечно). Од 01/03/2018 година закупнината се менува и изнесува 1,200 денари месечно. Оваа промена ќе може да ја пријавите во Месечниот извештајот за промени за м.март, затоа што во извештајот за м.февруари не може да пријавувате нов корисник чиј закуп започнува во следен месец (март). Во Месечниот извештајот за промени за м.март прво пријавете „Одјава на корисник“, како „Периодот на закуп до“ изберете 28/02/2018 година. Во друга ставка, за истиот корисник, пријавете „Нов корисник“, како „Периодот на закуп од“ изберете 01/03/2018 година, како „Период на закуп до“ изберете 31/12/2018 година и вкупен износ на закупнина за овој период 12,000 денари (10 месеци * 1,200 денари).
    НАПОМЕНА:
    Во Извештај за корисниците на продажните места на зелените пазари (и во месечен извештај и во извештај за тековна состојба) податоците се искажуваат на ниво на корисник, а не на ниво на тезга. На пример, корисникот на тезга има договор за закуп на една тезга за период 01/01-31/03/2018 год. за вкупна закупнина 3,000 денари (3 месеци * 1,000 денари) и е пријавен за тој период, а потоа склучува договор за закуп на друга тезга за период 01/02-30/06/2018 година за вкупна закупнина 4,000 денари за другата тезга (4 месеци * 1,000 денари). Во Месечниот извештај за м.февруари (кога настанува промената) треба да пријавите „Одјава на корисник“ со „Периодот на закуп до“ 31/01/2018 година, со што останува запис за закуп на првата тезга од 1 месец и закупнина во износ од 1,000 денари. Во истиот месечен извештај треба да пријавите „Нов корисник“ со „Периодот на закуп од“ 01/02/2018 година, „Периодот на закуп до“ 30/06/2018 година и вкупна закупнина 6,000 денари (закупнина во вкупен износ од 4,000 денари за закуп на двете тезги за два месеци плус закупнина во вкупен износ од 2,000 денари за закуп само на втората тезга за два месеци).

  • Исправки на погрешно внесени податоци
    Во Месечниот извештајот за промени внесете и исправки на претходно погрешно внесени податоци.
    За погрешно внесен корисник, кога во претходен извештај (за тековна состојба или месечен извештај за промени) наместо корисникот М.М. како закупец на тезгата бил пријавен корисникот Б.Б., кај „Вид на промена/исправка“ изберете „Погрешно внесен корисник“ и внесете ги податоците за период на закуп и тезгите на корисникот. Пријавете го М.М. како нов корисник, на веќе појаснетиот начин, со тоа што како „Период на закуп од“ ќе го внесете датумот на почеток на закуп за корисникот М.М., без оглед на тоа во кој месец ја правите исправката. На пример, ако М.М. е корисник на тезга од 01/01/2018 година, а исправката ја правите во месечниот извештај за м.април 2018 година, пријавете го М.М. како нов корисник со „Период на закуп од“ 01/01/2018 година.
    Исправка на погрешно пријавена закупнина внесете во две ставки, преку „Одјава на корисник“ и „Нов корисник“. Прво внесете „Одјава на корисник“, „Период на закуп од“ не треба да пополнувате, а како „Период на закуп до“ внесете го истот датум како во „Период на закуп од“. Потоа внесете го истиот корисник како „Нов корисник“, внесете ги точните податоци и задолжително означете „Промена на закупнина“. На пример, корисникот на тезга е пријавен претходно за период 01/01/2018 – 31/12/2018 година со вкупен износ на закупнина 12,000 денари, а требало да биде пријавен со вкупен износ на закупнина 8,000 денари, прво пријавете „Одјава на корисник“ и како „Период на закуп од“ и „Период на закуп до“ изберете 01/01/2018 година. Во друга ставка, за истиот корисник и за истата тезга, пријавете „Нов корисник“, за период на закуп 01/01 - 31/12/2018 година и вкупен износ на закупнина 8,000 денари.
  • Потпишување на Извештајот
    По внесот на сите податоци, извештајот треба да го потпише со дигитален сертификат лицето кое сте го овластиле за потпишување за ПДД во системот е-Даноци.

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија