Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30  
Recnik
14.07.2017
УЈП ЌЕ ОТПОЧНЕ СО ПРИСИЛНА НАПЛАТА НА РАДИОДИФУЗНА ТАКСА

Граѓаните и фирмите кои имаат неплатена Радиодифузна такса до 30.06.2017 година, да извршат плаќање на долговите во најкусо време, бидејќи Управата за јавни приходи ќе отпочне со постапки за присилна наплата.
Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање на сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови, односно истите доброволно да ги платат.
Потсетуваме дека до донесувањето на најавената измена на законот за укинување на РДТ, обврзниците имаат законска обврска да ја плаќаат оваа јавна давачка, а за неплатените обврски УЈП има законска обврска да ги преземе сите мерки за наплата.

Како да проверите дали имате долгови за РДТ?
- УЈП доставува известување (опомена) до обврзникот секој месец, за износот на заостанатиот долг во Решението за РДТ.
- Со цел да се осигурате дека нема да биде спроведена присилна наплата, извршете проверка дали плаќањата на РДТ се регистрирани во УЈП (преку увид на состојбата на долговите е-РДТ) или доставете доказ за извршената уплата до надлежната даночна канцеларија.

Како наједноставно да платите Радиодифузна такса?
Со цел намалување на времето и трошоците за плаќање на РДТ, без чекање на шалтери, граѓаните може да извршат плаќање на таксата со Visa, Maestro и MasterCard безготовинска картичка преку интернет, користејќи ја електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp
Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено што ви е потребно е пристап до интернет и е-пошта!

Корисни информации:
- За повеќе информации и техничка поддршка контактирајте не преку Инфо центарот 0800 33 000 или 02/3253 200;
- Совети и препораки за Радиодифузна такса (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/1190);
- Флаер „е-Радиодифузна такса“ (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/59).

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија