Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
01.03.2017
Отворени дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава во Скопје

Граѓани доставете Годишна даночна пријава (образец ПДД-ГДП), најдоцна до 15-ти Март. Пополнетата Годишна даночна пријава можете да ја поднесете во најблиската даночна канцеларија на УЈП или преку пошта. За точна адреса и локација на даночните канцеларии кликнете http://www.ujp.gov.mk/mk/kontakt

Со цел избегнување на метежите во последните денови пред крајниот рок, од денес (Среда/01.03.2017 година), УЈП отвори дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ). На овој начин граѓаните од Скопје, но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат даночната пријава да ја поднесат на три локации, вклучувајќи ја Регионална дирекција Скопје и Даночниот шалтер Чаир. Исто така, пријавите може да се поднесуваат и преку Мобилните даночни шалтери на УЈП (види возен ред http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici/pogledni/316).

Земајќи предвид дека во овој период, до Управата за јавни приходи пристигнуваат и голем број на барања за консултации во врска со пополнувањето на даночната пријава, во прилог ги издвојуваме најчесто поставуваните прашања:

  1. Јас сум ПЕНЗИОНЕР, а имам остварено и други приходи (дивиденда, приходи од кирија и др.). Дали имам обврска во Годишната даночна пријава да ја прикажам и пензијата, покрај другите приходи?Во Годишната даночна пријава покрај остварените други приходи, имате обврска да го прикажете и износот на пензијата.
    Податоците за исплатите, односно пресметката на годишната бруто пензија, социјални придонеси и персонален данок, потребно е да ги обезбедите од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ФПИОМ).

  2. Остварувам приходи со работа преку ИНТЕРНЕТ. Дали треба во Годишната даночна пријава да ги пријавам овие приливи на пари?
    За приходите остварени со работа преку интернет, имате обврска да поднесете Годишна даночна пријава.

  3. Користам ПОРОДИЛНО БОЛЕДУВАЊЕ, а имам и други приходи. Дали треба во Годишната даночна пријава да го прикажам и боледувањето, покрај другите приходи?
    Во Годишната даночна пријава покрај остварените други приходи, имате обврска да го прикажете и износот на надоместокот на плата за породилно боледување. Податоците за исплатите, односно пресметката на годишнoтo породилното боледување, социјални придонеси и персонален данок, потребно е да ги обезбедите од Фондот за здрaвствено осигурување на РМ.

  4. Остварувам РОДИТЕЛСКИ ДОДАТОК ЗА ТРЕТО ДЕТЕ кој го исплатува Министерството за труд и социјална политика, а остварувам и други приходи. Дали надоместокот треба да го прикажам во Годишната даночна пријава?
    Примениот надоместок за трето дете кој го исплатува Министерството за труд и социјална политика, немате обврска да го пријавите во Годишната даночна пријава, бидејќи за примањата по основа на помошти за социјална заштита не се плаќа персонален данок на доход.

  5. Дали треба да се пријави во Годишната даночна пријава НАДОМЕСТОК НА ШТЕТА од сообраќајна несреќа исплатен од осигурителна компанија?
    Добиениот надоместок на штета од собраќајна несреќа исплатен од страна на осигурителна компанија не подлежи на оданочување со персоналниот данок на доход и истиот не треба да го пријавите во Годишната даночна пријава.

  6. Дали добивката од 12.000 денари од НАГРАДНА ИГРА треба да ја пријавам во Годишната даночна пријава?
    Секоја добивка остварена од општите игри на среќа во износ поголем од 5.000 денари, имате обврска да ја пријавите во Годишната даночна пријава.

  7. Дали исплатениот надоместокот за РЕГРЕС ЗА ГОДИШЕН ОДМОР треба да го пријавам во Годишната даночна пријава?
    Граѓанинот кој во текот на годината остварува само приход од плата не е должен да поднесува Годишна даночна пријава. Доколку пак покрај приходот од плата сте оствариле и дополнителни примања од работен однос (на пример: регрес за годишен одмор), работодавачот има обврска да пресмета и плати персонален данок на доход, да ви издаде примерок од пресметката, а вие истиот имате обврска да го пријавите во Годишната даночна пријава.

  8. Во текот на 2016 година, издавав СТАН ПОД КИРИЈА. Приходите ги пријавив во УЈП, поднесов Аконтативна даночна пријава и го платив персоналниот данок. Дали треба да поднесам Годишна даночна пријава и дали тоа значи дека УЈП повторно ќе ми пресмета данок?
    Како лице кое остварува приходи од кирија, и за остварениот приход сте поднеле Аконтативна пријава “ПДД-АДП/ПИ“ и сте го платиле персоналниот данок на доход, имате обврска да ги пријавите и во Годишната даночна пријава. За веќе платениот данок по поднесената Аконтативна даночна пријава, УЈП нема повторно да ви утврди обврска за плаќање на персоналниот данок. Не заборавајте, доколку покрај приходот од кирија сте оствариле и други приходи и тие имате обврска да ги прикажете во Годишната даночна пријава.

  9. Фирма во која не сум вработена, ми има платено АВИОНСКИ БИЛЕТ И СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ, дали тоа ми се смета како приход и дали треба да поднесам Годишна даночна пријава?
    Средствата исплатени за авионски билети и сместувања во хотел за лица кои не се вработени во фирмата, подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, бидејќи истите се лично примање на физичкото лице. За исплатените приходи, фирмата има обврска да го пресмета и плати персоналниот данок на доход, да ви издаде примерок од пресметката, а вие како граѓанин имате обврска да ги пријавите во Годишната даночна пријава.

  10. Работам како ВОЛОНТЕР и дали исплатите на надоместоците за извршените волонтерски работи потребно е да се пријават во Годишната даночна пријава?
    Надоместоците на волонтерите исплатени најмногу во висина до 15% од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година, согласно Законот за волонтерство, не подлежат на оданочување со персоналниот данок на доход, и истите немате обврска да ги пријавите во Годишната даночна пријава.

  11. Во текот на 2016 година бев ангажиран во спроведувањето на изборите за што добив одреден надоместок. Дали треба да го пријавам надоместокот во Годишната даночна пријава?
    Примениот надоместок за учество во органите за спроведување на избори е ослободен од оданочување со персоналниот данок на доход, и истиот немате обврска да го пријавите во Годишната даночна пријава.

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.

Корисни информации

  • Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ (види http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2)
  • Поднесени Годишни даночни пријави заклучно со 27.02.2017 година

Регионална дирекција на УЈП  Поднесени
ПДД-ГДП
Електронски
ПДД-ГДП
ВКУПНО
Скопје 47356 353 47709
Битола 18468  42 18510
Прилеп 21586  52 21638
Струмица 14566 46 14612
Тетово 8408 42 8450
Штип 29057 66 29123
ВКУПНО 139441 601 140052

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија