Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
29.07.2016
Нови обрасци поврзани со примена на Законот за даночна постапка и Законот за данокот за додадена вредност

Во „Службен весник на РМ“ бр.121 од 30.06.2016 година, објавени се нови правилници за формата и содржината на обрасци кои ќе се применуваат со отпочнување на примената на Законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка („Службен весник на РМ“ бр.23/16), односно од 31 јули 2016 година.

1. Барање за увид во даночни акти (образец УЈП-ПР-3.2-22/1) – со кое даночниот обврзник може до УЈП да бара увид во неговите даночни акти согласно и под условите определени во член 8 од Законот за даночна постапка.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/181

2. Барање за враќање во поранешна состојба (образец УЈП-ПР-3.2-23/1) - со кое даночниот обврзник може до УЈП да бара враќање во поранешна состојба доколку не по своја вина, бил спречен да запази законски рок или рок што го определила Управата за јавни приходи. Барањето се поднесува согласно и под условите определени во член 75 од Законот за даночна постапка.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/182

3. Барање за враќање на повеќе или погрешно наплатен данок (образец УЈП-УН-З.2-39/2) - се поднесува доколку даночниот обврзник платил поголем износ од оној кој бил должен да го плати; доколку по грешка уплатил данок или споредна даночна давачка иако немал обврска за тоа; и доколку платил данок, но подоцна е ослободен од обврската за плаќање на истиот.
Согласно член 122-а од Законот за даночна постапка, враќање на повеќе или погрешно уплатен или наплатен данок, како и споредни даночни давачки не може да се бара доколку истекол рокот на застарување. Рок на застареност изнесува пет години сметано од уплатата, а во секој случај по истекот од десет години застарува враќањето на повеќе и погрешно уплатениот или наплатен данок.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/175

4. Барање за продолжување на рокот за поднесување на даночна пријава (образец УЈП-УН-З.2-60/1) – се поднесува пред истекот на рокот пропишан за поднесување на даночната пројава за која се бара продолжување на рокот за поднесување. Барањето треба да биде соодветно образложено и со соодветни докази за причините поради кои се бара продолжување на рокот.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/176

5. Барање за продолжување на доспеаноста на плаќањето на данок кога постојат сериозни сомневања во правилноста на даночното решение или кога доспеаноста за даночниот обврзник би претставувала нарушување на неговото постоење поради објективни околности кои настанале непосредно пред доставување на барањето (образец УЈП-УН-З.2-59/1) - продолжувањето на доспеаноста е условено со гаранција за обезбедување на плаќањето, односно без гаранција, за даночните обврзници кои во претходниот даночен период немаат даночни долгови, но најмногу до 90 дена.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/184

6. Барање за бришење на залог воспоставен во постапка на присилна наплата (образец УЈП-ПН-3.2-30/1) - со кое даночниот обврзник може до УЈП да бара бришење на залог воспоставен во постапка на присилна наплата согласно и под условите определени во член 134 од Законот за даночна постапка.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/171

7. Барање за одлагање на плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-3.2-28/1) - со кое даночниот обврзник може до УЈП да бара одлагање на плаќањето на даночен долг согласно членовите од 111-б до 111-ѓ од Законот за даночна постапка. УЈП по добиеното барање може да го одложи плаќањето на доспеаниот даночен долг во цел или делумен износ.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172

8. Барање за промена на бројот на преостанати рати кај одложено плаќање на даночен долг (образец УЈП-ПН-3.2-27/1) - после одобрено одложено плаќање на даночен долг со Решение на УЈП, даночниот обврзник може да поднесе Барање (образец УЈП-ПН-З.2-27/1) со кое може да бара промена на бројот на преостанати рати согласно член 111-г став 2 од Законот за даночна постапка. Промена на бројот на ратите може да се бара само кај одобреното одложено плаќање на даночниот долг на рати, а не и при одобрено еднократно одложено плаќање на даночниот долг. Со одобрувањето на промената на бројот на ратите ќе се овозможи даночниот долг да се плаќа најмногу на 36 месечни рати, сметајќи го и бројот на веќе поминати рати.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/173

9. Барање за замена на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночниот долг (образец УЈП-ПН-3.2-29/1) - после одобрено одложено плаќање на даночен долг со Решение на УЈП, даночниот обврзник може да поднесе Барање (образец УЈП-ПН-З.2-29/1) со кое може да бара замена на гаранцијата за обезбедување на плаќање на даночен долг согласно член 111-е од Законот за даночна постапка. Со одобрувањето на замената на гаранцијата, претходната гаранција ќе му се врати на обврзникот, а ќе се задржи ново прифатената.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/174

10. Барање за добивање на обврзувачка согласност (образец УЈП-ДИ-З.2-57/1) - по реализација на надворешна контрола, даночниот обврзник во рок до три месеци по испраќањето на записникот од надворешната контрола може до УЈП да поднесе Барање УЈП-ДИ-З.2-57/1, со цел добивање на објаснување како одредена фактичка состојба ќе биде даночно-правно третирана во иднина.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/170

11. Барање за изземање на стручно лице (образец УЈП-ДИ-З.2-51/1) – со кое даночниот обврзник може до УЈП да бара изземање на стручното лице ангажирано од УЈП поради причините наведени во член 61 од Законот за даночна постапка.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/169

12. Барање за изземање на службено лице (образец УЈП-ДИ-З.2-50/1) – со кое даночниот обврзник може до УЈП да бара изземање на службеното лице кое е овластено да решава или да извршува одредени дејствија во даночна постапка поради причините наведени во член 6а од Законот за даночна постапка.
Образецот преземете го од веб страницата http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/168

Во „Службен весник на РМ“ бр.110 од 09.06.2016 година, објавени се нови правилници за формата и содржината на ДДВ обрасци кои ќе се применуваат со отпочнување на примената на членовите 3, 4, 5 и 6 на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност („Службен весник на РМ“ бр.23/16), односно од 31.07.2016 година.

1. Барање за враќање на ДДВ на даночни обврзници кои немаат седиште или подружница во земјата и кои не извршуваат никаков промет во неа (oбразец ДДВ-11) - преземи и види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/36

2. Барање за враќање на ДДВ на непрофитни организации (образец ДДВ-12) - преземи и види повеќе на
http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/37


3. Барање за враќање на ДДВ на странско дипломатско или конзуларно претставништво (образец ДДВ-13) - преземи и види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/38

4. Барање за враќање на ДДВ на шефот, членовите на дипломатскиот персонал и конзуларните функционери на странското дипломатското или конзуларното претставништво како и на нивните брачни другари (образец ДДВ-13/а) - преземи и види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/185

5. Барање за враќање на ДДВ на меѓународни организации (образец ДДВ-14) - преземи и види повеќе на
http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/39


6. Барање за враќање на ДДВ на членови на меѓународни организации (образец ДДВ 14-а) - преземи и види повеќе на http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/186

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија