Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
          1 2
3 4 5 6 7 8 9
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31            
Recnik
02.10.2008
Фискализација и регистрирање на готовинските плаќања

Даночните обврзници кои вршат промет на добра и услуги, а за кој плаќањето се врши во готово, доследно да ги применуваат и исполнуваат обврските кои произлегуваат од Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно да воведат и користат фискален апарат и задолжително да издаваат фискална сметка.

Доколку даночниот обврзник нема воведено фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања или прометот не го регистрира преку фискален апарат или не издава фискална сметка на купувачите, односно на корисниците на услугата, Управата за јавни приходи истовремено покрај парична глоба ќе му изрече и забрана за вршење на дејност во деловната просторија (објект) во траење од:

  • 30 дена за даночен обврзник - правно лице и
  • 15 дена за даночен обврзник - физичко лице

Исто така, ако даночниот обврзник нема воведено и не користи фискална апаратура, односно не издава фискални сметки за извршениот промет или извршената услуга, даночниот инспектор на самото место ќе му се издаде платен налог на:

  • даночниот обврзник - правното лице за глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност;
  • одговорното лице кај правното лице за глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност и
  • даночен обврзник - физичко лице за глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност.

Во сите случаи каде ќе се утврди дека даночниот обврзник има инсталирано и употребува фискален апарат, но постои разлика (кусок или вишок) меѓу остварениот промет и регистрираниот промет (без оглед на висината на разликата), Управата за јавни приходи ќе пристапи кон изрекување на мерка времена забрана за вршење на дејност и глоба.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија