Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
    1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31    
Recnik
14.03.2016
Утре е последен ден за поднесување на Годишна даночна пријава!

Утре/15 март е последен ден за поднесување на Годишните даночни пријава за остварени приходи на граѓаните во изминатата 2015 година!

До 14.03.2016 година поднесени се вкупно 316 756 Годишни даночни пријави, од кои 1 530 се поднесени по електронски пат преку системот е-Даноци. Најголем број на даночни пријави се поднесени во Контакт центарот на УЈП и тоа 77 866. Во останатите даночни канцеларии по градови, бројот на поднесени ГДП е следен:

За да ги избегнат метежите им препорачуваме на граѓаните кои се регистрирани корисници на е-Даноци своите пријави да ги поднесат по електронски пат.
Истовремено, потсетуваме дека работното време на даночните канцеларии на УЈП е од 08:30 до 18:00 часот, додека работното време на Контакт центарот на УЈП е од 09:00 до 20:00 часот.

За најчесто поставуваните прашања и повеќе информации во врска со Зошто, Кој, Кога, Каде и Како се пријавуваат приходите види:
- Брошура „Годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход“ која може да се преземе од веб страницата на УЈП (види линк http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/2).
- Соопштение од 21.01.2016 „Граѓани - Во тек е поднесување на годишната даночна пријава и пријавување на приходи во УЈП“ (види линк http://ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/544).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија