Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
29.09.2008
Скопје – Поради неиздавање на фискална сметка затворени 11 објекти

Во рамките на планираните редовни и тековни активности на 27 септември 2008 година, дежурни екипи на Управата за јавни приходи спроведеа засилени инспекциски контроли по основ на примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања во центарот на Скопје.
Со контролите беа опфатени и контролирани субјектите кои вршат дејност угостителство и трговија на мало со прехрамбени производи.

Кај 11 даночни обврзници, инспекциските служби констатираа неправилности при регистирањето на прометот, односно непоседување на фискален апарат и неиздавање на фискална сметка, поради што на даночните обврзници изречена им е мерка забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена за правните и 15 дена за физичките лица вршители на дејност, како и глоба која се движи во износ од 200 до 1500 евра, во денарска противвредност.

Деловните простории на дел од субјектите се запечатени веднаш, а во текот на денешниот ден ќе бидат запечатени и останатите деловни простории на кои даночните инспектори им изрекоа мерка забрана за вршење на дејност.

Заради целосно спроведување и примена на Законот од страна на даночните обврзници, во наредниот период Управата за јавни приходи ќе врши засилена контрола и инспекциски надзор во делот на фискализацијата.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија