Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
11.02.2016
ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧНИ БИЛАНСИ "ДБ" И "ДБ-ВП" ЗА 2015 ГОДИНА

Даночен биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“)

Доколку сте правно лице – резидент на РМ кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имате обврска да поднесете Даночен биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") до УЈП.

Даночен биланс на вкупен приход (образец "ДБ-ВП")

Доколку сте мал или микро трговец кој извршува стопанска дејност (освен банкарска, финансиска, осигурителна и дејност од областа на игрите на среќа и забавните игри), водите сметководство и изготвувате годишни сметки согласно Законот за трговските друштва и доколку во 2015 година од кој било извор сте оствариле вкупен приход не поголем од 3.000.000 денари на годишно ниво, или пак сте оствариле вкупен приход од 3.000.001 до 6.000.000 денари и сте се определиле или сакате да се определите за пресметување и плаќање на "годишен данок на вкупен приход", имате обврска да поднесете Даночен биланс на вкупен приход (образец "ДБ-ВП") до УЈП.

Рокови и начини за поднесување на даночни биланси

Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец "ДБ") и Даночниот биланс на вкупен приход (образец "ДБ-ВП") се поднесуваат најдоцна до 29 февруари, односно рокот за поднесување е најдоцна до 15 март за даночните обврзници кои Годишната сметка до Централниот регистар ќе ја поднесат (доброволно или задолжително) во електронска форма.
Месечните и тримесечните ДДВ обврзници, даночните биланси имаат обврска да ги достават по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Корисни информации

 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија