Скопје – На 22 јануари 2016 година, се одржа средба со претставниците на 34 фирми по повод нивниот прием во групата на големи даночни обврзници, а кои од почетокот на оваа година преминаа во надлежност на Дирекцијата за големи даночни обврзници (ДГДО).
Имено, главни показателите за овие фирми да добијат третман на големи даночни обврзници беше анализата на нивните финансиските параметри, и тоа: излезен промет, остварен приход, број на вработени, поднесување на даночни пријави.
Покрај приемот на новите фирмите, оваа година за прв пат заради променети услови на стопанисување и неисполнување на критериумите, 33 фирми го изгубија статусот на големи даночни обврзници, односно од ДГДО преминаа во надлежност во соодветните Регионалните дирекции на УЈП кои ги администрираат малите и средните фирми.
Организирањето на средби со претставниците на новите големи даночни обврзници, претставува пракса воспоставена во изминатите години, а преку кои, фирмите имаат можност, меѓуостанатото, директно да се запознаат со начинот на функционирање, односите и комуникацијата кои ги гради оваа Дирекција на УЈП, земајќи ја предвид специфичноста на секоја фирма – голем даночен обврзник, учеството од 40.36% на оваа група компании во вкупната наплата на даночните приходи во Буџетот на РМ, со посебно внимание на градење на партнерски однос и меѓусебна соработка за нивната даночна усогласеност.
На средбата, менаџерите имаа можност да ги запознаат присутните со профилот на своите компании, но и го изразија своето задоволство што се примени во групата на 294 големи даночни обврзници и можноста за понепосреден контакт со даночната администрација преку услугите на Дирекцијата за големи даночни обврзници.
Листа на даночни обврзници кои од 01/01/2016 се администрираат во ДГДО:
1) ФМТКП ДОО Скопје
2) Јавно претпријатие за државни патишта
3) Курум Конти ДОО УВ/ИЗ Скопје
4) Стројтрансгаз –Подружница Скопје
5) РТ Транс Логистик ДООЕЛ ЕКС/ИМП Скопје
6) Жикол ДООЕЛ Експорт –Импорт Струмица
7) Трансмет ДОО Скопје
8) Трансмет ДОО Скопје –поврзано лице
9) Детоил ДОО увоз –извоз Куманово
10) Феникс Фарма ДООЕЛ Скопје
11) Бауер БГ ДОО Скопје
12) Севергазстројмонтаж-Подружница Скопје Македонија
13) Атлантик ДООЕЛ ЕКС/ИМП Скопје
14) Македонијалек ДООЕЛ Скопје
15) Настел ДООЕЛ Скопје
16) ВаримпексИнтернационал ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје
17) Еуролек ДООЕЛ УВОЗ-ИЗВОЗ Скопје
18) Еуро-Фарм Увоз -Извоз ДООЕЛ Битола
19) Амфенол Технолоџи Македонија ДООЕЛ Кочани
20) ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје
21) Оаза-Екстра –Скопско ДООЕЛ Штип
22) Промес Увоз –Извоз ДОО Скопје
23) Киппер Маркет ДОО Тетово
24) Стокомак увоз-извоз ДОО Скопје
25) Петрол –Енергетика ДООЕЛ Скопје
26) Павор Орце ДООЕЛ Скопје
27) Нова Логистик ДООЕЛ Увоз –Извоз Кавадарци
28) Живко Мијатовиќ анд Партнерс ДОО Скопје
29) ИТХР Македонија ДООЕЛ Скопје
30) Спорт М Експорт –Импорт ДОО Скопје
31) МАН Импортер Македонија ДООЕЛ Илинден
32) Сет-Компјутери Увоз –Извоз ДООЕЛ Скопје
33) С.Г.С. ДООЕЛ Скопје
34) Гис Петре Ѓиновски ДООЕЛ Експорт-Импорт Скопје