Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
01.10.2008
Лица кои имаат обврска сами да го пресметуваат и плаќаат персоналниот данок на плата

Резидентите на Република Македонија кои остваруваат лични примања од странство, како и лицата кои остваруваат лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва со седиште во РМ, а за кои исплатувачот на приход не го пресметал и платил персоналниот данок, имаат обврска сами да го пресметаат и платат персоналниот данок.
 

Кои лица имаат обврска сами да го пресметаат и платат данокот?
- Лицата кои остваруваат лични примања од странство (плати, пензии, надоместоци по основ на извршени услуги и сл.)
- Лицата кои остваруваат лични примања од дипломатски, односно конзуларни претставништва на странски држави, од претставници и службеници на такви претставништва кои уживаат дипломатски имунитет
- Лица кои немаат дипломатски статус, ниту со Договор за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија, се ослободени од плаќање на данок на личните примања остварени во Република Македонија.

*Исклучок од ова правило претставуваат случаите кога, согласно договорите за одбегнување на двојно оданочување, резидентот на едната држава остварува примања од работен однос во другата држава и таквите примања ќе се оданочат само во државата на која е резидент, ако се исполнети три услови:
- примателот да престојува во другата држава договорничка во период или периоди кои не надминуваат 183 дена во една година, кој период започнува или завршува во односната фискална година
- примањето да е платено од страна, или во име на работодавач кој не е резидент на другата држава и
- примањата да не паѓаат на товар на постојаната деловна единица или постојана база која работодавачот ја има во другата држава.

Лицето кое само го пресметува и плаќа данокот има обврска:
- Во банката, односно носителот на платниот промет преку која се врши пренос на паричните приливи, при подигањето на нето платата да достави налог за уплата на пресметаниот персонален данок, или пак да достави доказ дека е тој претходно платен.
- Во Управата за јавни приходи, еднаш месечно да достави пополнет образец “ПДД-МП“, во кој лицето го искажува месечниот износ на остварената нето плата и данокот на плата. Рокот на доставување на образецот “ПДД-МП“ е најдоцна 38 дена, по истекот на месецот за кој се однесува платата (на пример: за јануарската плата најдоцна до 8 март, за априлската најдоцна до 8 јуни и.т.н).
- За приходите остварени во текот на 2008 година (и доколку се остварени само приходи од плата), лицето е должно до Управата за јавни приходи да поднесе Годишна даночна пријава (образец “ПДД-ГДП“), најдоцна до 15 март 2009 година.

_______________________________ 

*За подетални информации околу начинот на пресметување на персоналниот данок на платите и начинот на пополнување на пријавата (образецот “ПДД-МП“), погледнете ја брошурата “ПОДНЕСУВАЊЕ НА МЕСЕЧНА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА ЛИЦА КОИ САМИ ГО ПРЕСМЕТУВААТ И ПЛАЌААТ ПЕРСОНАЛНИОТ ДАНОК НА ДОХОД“, која може да ја најдете на веб страната на УЈП, во делот публикации.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија