Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
        1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31
Recnik
04.11.2015
Земјоделци - Поднесете барање за паушално оданочување за 2015 година

Доколку приходот од земјоделска дејност во 2015 година не надминува 1.300.000 денари, имате можност данокот на доход да го плаќате паушално.
Без разлика дали земјоделието претставува ваша основна дејност или истата ја вршите како дополнително занимање, регистрацијата за паушално оданочување ви овозможува персоналниот данок да го плаќате еднаш во годината и да немате дополнителни трошоци за водење на деловни книги.

Како да се регистрирате за паушално оданочување?

Најдоцна до 31 јануари 2016 година на шалтерите на УЈП поднесете:
1. образец “УЈП-РДО/З- Пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/104);
2. образец “ПДД-ПЗ- Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/103).

Напомена:
Ако веќе сте регистрирани во УЈП и доделен ви е даночен број (ЕДБ) како вршител на земјоделска дејност, поднесете само Барање за паушално оданочување на остварени приходи од земјоделска дејност (образец “ПДД-ПЗ“).

Даночни поволности за регистрирани вршители на земјоделска дејност во УЈП

ОСНОВНА дејност
  • Целосно ослободување од персонален данок доколку
    вашиот приход во 2015 година изнесува до 300.000 денари.
  • Доколку приходите кои сте ги оствариле се движат над 300.000 денари до 1.300.000 денари, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно ќе платите данок само на 20% од остварените приходи.
  • Ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите кои ви ги доделила државата.

Пример: Ако во 2015 година сте оствариле 1.000.000 денари,
вашиот годишен персонален данок ќе изнесува 20.000 денари.                                                        

ДОПОЛНИТЕЛНА дејност
  • Доколку вршите земјоделска дејност како дополнително занимање, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80% од остварениот приход, односно ќе платите данок само на 20% од остварените приходи.
  • Ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите кои ви ги доделила државата.

Пример: Ако во 2015 година сте оствариле 200.000 денари, вашиот годишен персонален данок ќе изнесува 4.000 денари.

Задолжително пријавете промена на регистрациони податоци
Доколку имате промени само во личните податоци (адресa, телефонски број и е-пошта), во тој случај промената на регистрационите податоци можете да ја пријавите со повикување на Инфо центарот на УЈП 0800 33 000.
Доколку пак, имате промени во податоците за работна активност, податоци за членовите на СЗС, трансакциска сметка.... должни сте да поднесете Пријава за регистрација за промена на податоци (образец “УЈП-РДО/З”).
Точноста на регистарските податоци е неопходна поради достава на пријави, решенија, известувања, навремено информирање на даночните обврзници, водење на евиденцијата за даночниот обврзник.

Проверка на даночни долгови и плаќање на персонален данок преку Интернет
Заштедете време, не чекајте повеќе на шалтери за да извршите преглед на даночните долгови, проверка на вашите регистрациони податоци и плаќање на персоналниот данок од земјоделска дејност.
Со новата услуга на УЈП „е-Плаќање на даноци“, земјоделците одсега може да ги проверат регистрационите податоци преку интернет, да вршат он-лајн преглед на платени и неплатени даночни обврски, како и да вршат плаќање на персоналниот данок од земјоделска дејност со безготовинска картичка.
Постапката на регистрација за е-Плаќање на даноци е бесплатна, а потребно е само да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис е-Плаќање на даноци https://etax.ujp.gov.mk

Едукативни посети и обуки за земјоделци
Од ноември 2015 до јануари 2016 година, Управата за јавни приходи ќе организира обуки за земјоделците на тема: „Регистрација и паушално оданочување на земјоделци“.
Пријавете се и посетете ја обуката во вашата општина/град и информирајте се за сите прашања во врска со постапките за регистрација, оданочувањето на приходите од вршење на основна и дополнителна земјоделска дејност, плаќање на персоналниот данок...
Распоредот на обуките за земјоделците е објавен на веб страницата на УЈП (види http://ujp.gov.mk/mk/javnost/nastani/pogledni/149).

Корисни информации:
За повеќе информации контактирајте не преку Инфо ценатрот 0800 33 000;
- Брошура „Паушално оданочување на приходи од земјоделска дејност“
(преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/45);
- Флаер „e-Плаќање на персонален данок“
(преземи http://www.ujp.gov.mk/mk/publikacii/pogledni/60).

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија