Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
18.09.2008
Дежурните екипи на УЈП затворија 15 објекти во Тетово и Гостивар

Во рамките на планираните редовни и тековни активности на 15 и 16 септември 2008 година, Управата за јавни приходи со своите дежурни екипи спроведе засилени инспекциски контроли по основ на примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања на подрачјето на општините Тетово и Гостивар.

Со контролите беа опфатени и контролирани 31 субјект кои вршат дејност угостителство и трговија на мало со прехрамбени производи. Инспекциските служби констатираа дека 15 даночни обврзници не го почитуваат Законот за регистрирање на готовинските плаќања, односно кај истите се констатирани неправилности при регистирањето на прометот, поради што им е изречена мерка забрана за вршење на дејност во траење од 30 дена за правните и 15 дена за физичките лица вршители на дејност, како и глоба која се движи во износ од 200 до 1500 евра, во денарска противвредност.

Деловните простории на дел од субјектите се запечатени веднаш, а во текот на утрешниот ден ќе бидат запечатени и останатите деловни простории за кои УЈП изрече мерка забрана за вршење на дејност.

Управата за јавни приходи - Регионална Дирекција Тетово, продолжува со своите активност со несмален интензитет и во наредниот период, при што укажува на даночните обврзници на потребата од доследна примена на Законот за регистрирање на готовинските плаќања.
 

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија