Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
12.09.2008
Поднесување на даночен биланс

Правните лица кои се обврзници на данокот на добивка, со исклучок на малите трговци на кои им се утврдува годишен данок на вкупен приход и обврзниците со посебен даночен статус (друштво за вработување на инвалиди и инвалидизирани лица, стопанска единица во рамките на казнено поправните установи, и корисник на технолошко индустриска и развојна зона), данокот го плаќаат во вид на месечни аконтации на образец – месечен даночен биланс (“МДБ“).

Позитивната даночна основа, утврдена во даночниот биланс составен за изминатиот даночен период, е основа за утврдување на месечната аконтација на данокот која се утврдува на образец “МДБ”, кој даночните обврзници имаат обврска да го достават до Управата за јавни приходи, најкасно во рок од 15 дена по истекот на месецот. Доколку даночниот обврзник искажал негативна даночна основа во даночниот биланс, аконтациите на данокот може да одлучи да ги пресметува и плаќа на претпоставена даночна основа што сам ја утврдува, врз основа на проценетите можности за остварување на добивка.

Обврзникот кој за првпат почнува со вршење на дејност, месечните аконтации на данокот ги утврдува врз основа на даночната основа во даночниот биланс (“ДБ“) составен за првиот квартал на работењето, односно со состојба на 31 март, 30 јуни, 30 септември или 31 декември. Доколку периодот на работење во првиот квартал е помал од еден месец, наведениот период за кој се составува даночниот биланс (образец “ДБ“) се поврзува со кварталот кој следи.

На обврзникот на данокот - правно лице ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност, кое во пропишаниот рок не поднесе до Управата за јавни приходи пресметка на пропишаниот образец и не ја плати месечната аконтација на данокот на добивка.
За сторен прекршок, на одговорното лице во правното лице ќе му се изрече глоба во износ од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност.
 

За подетални информации во врска со роковите за поднесување на даночните пријави, видете “Даночен календар“.

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија