Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
      1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31  
Recnik
09.10.2014
До 25 октомври - Поднесување на Евиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец ДДВ-ЕПФ)

Во насока на запазување на рокот за доставување на образец “ДДВ-ЕПФ“, Управата за јавни приходи ги известува сите овластени лица за реализација на проекти финансирани со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен меѓу Република Македонија и странски донатори и проекти финансирани во рамки на инструментот на претпристапна помош (ИПА), дека е потребно да пријават електронска пошта (e-mail адреса за Проектот) со која ќе се регистрирааат во системот на е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk, ќе добијат корисничко име и лозинка и ќе овластат лице (со доделен дигитален сертификат), за да бидат во можност електронски да го доставуваат образецот “ДДВ-ЕПФ“.
Пријавувањето на електронска пошта за Проектот се врши во УЈП - Регионалната дирекција Скопје со поднесување на образец “УЈП-РДО“ кој може да се преземе од веб страницата на УЈП преку следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/16

Овластеното лице за реализација на Проекот, за секое календарско тримесечје, има обврска да достави Евиденција на примени фактури која ја води примателот на прометот (образец “ДДВ-ЕПФ“) до Управата за јавни приходи по електронски пат преку е-Даноци https://etax-fl.ujp.gov.mk

Евиденцијата ДДВ-ЕПФ за првото календарско тримесечје (од 01.07.2014 до 30.09.2014) се доставува најдоцна до 25-ти Октомври 2014 година.

 


© Управа за јавни приходи на Република Македонија