Etax
Физички лица Правни лица Меѓународни организации
Пребарување на даночни
обврзници
Внесете назив, седиште, единствен даночен број (ЕДБ) или матичен број (МБ) на даночниот обврзник
П
В
С
Ч
П
С
Н
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30          
Recnik
07.08.2014
Намалени даночни стапки за добиточна храна, бебешки производи и училишен прибор

Со најновите измени на Законот за данокот на додадена вредност намалена е даночната стапка за ДДВ од 18% на 5% за следните добра:

  • Добитична храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток

  • Бебешки производи (креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња)

  • Училишен прибор (училишна торба - ранец, тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор)

Добрата за кои ќе се применува намалената даночна стапка се подетално опфатени со Одлуката за дополнување на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на данокот на додадена вредност објавена во „Службен весник на РМ“ бр.117 од 05.08.2014 година.
Целосниот преглед на повластените даночни стапки е објавен на веб страницата на Управата за јавни приходи на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/povlasteni_danocni_stapki

 


© Управа за јавни приходи на Република Северна Македонија